Мудра приказна: Кога мајките ги фалат своите синови...
Три жени се сретнале покрај бунарот каде секој ден полнеле вода и се зазбореле за своите синови.
„Би требало да го слушнете мојот син, прекрасно пее, како славеј!“ – изјавила едната жена.
Другата жена исто така, започнала да се фали: „А да го видите мојот син, колку е висок и силен! Кога ќе фрли камен, облаците ги допира“.
Потоа, забележале дека третата воопшто не се фали и започнале да ја провоцираат: „А, твојот син?“
Молчејќи се упатиле кон селото. Третата жена се чувствувала непријатно покрај другите две. Сонцето печело, а товарот бил сè потежок. Одеднаш, трите жени ги здогледале своите синови.
„Слушнете колку убаво пее мојот син!“ – извикала првата, покажувајќи кон момчето кое занесно пеело и седело.
„Погледнете го мојот син“ – восхитено викнала втората, „Колку високо го фрла каменот!“.
Третиот син ја здогледал својата мајка и веднаш истрчал за да ѝ го земе товарот од рамениците.
Н. Г. | Црнобело