40 лекции кои ги научив за 40 години: Искушенијата се моментални, а последиците траат цел живот
Животот нè учи на многу работи, посебно како што минуваат годините, сè повеќе стануваме свои, не глумиме и учиме да се слушаме себеси. Учиме како да сакаме и како да си ги остваруваме желбите чекор по чекор.
Понекогаш ни се случуваат убави работи, а понекогаш работите не се случуваат онака како што сме сакале или планирале. Понекогаш откривате дека некои задачи како што е родителството, се далеку подобри отколку што сте мислеле. Од друга страна, можеби се соочувате со здравствени или финансиски проблеми кои ве учат како да се адаптирате, да преживеете.
Еве што ме научи долгиот пат кој траеше цели 40 години:
1. Единствената личност која треба да ја слушате сте самите вие. Престанете да глумите и бидете она што сте.
2. Луѓето нема да ве сакаат и тоа е сосема во ред. Има луѓе кои ве обожаваат - фокусирајте се на нив.
3. Кога ќе остарите не значи дека одма ќе станете помудри. Некои луѓе со години ги прават истите грешки. Бидете мудри, учете од своите грешки на време и не ги повторувајте.
4. Вие најдобро се познавате себеси, затоа не барајте совети од другите. Своите проблеми решавајте ги сами.
5. Слушајте што ви зборува срцето, а мозокот полека ќе дојде до остварувањето на желбите, чекор по чекор.
6. Не можете да знаете сè. Некогаш полека ќе доаѓате до делови и парчиња од вашето знаење. Затоа само напред и ќе научите сè што треба.
7. Грешките се неминовни. Тоа е животот. Не постои личност на планетава кој не греши.
8. Никогаш не ги слушајте другите кога ви велат дека нешто е невозможно. Сè е возможно ако се одлучите да успеете.
9. Никој не знае што го чека во иднината.
10. Ако некој ви вели дека може да ја предвиди иднината (на поле на љубов, пари или живот), знајте дека или се шегува или ве лаже.
11. Верувајте во вашите соништа, дури и тогаш кога сите мислат дека сте луди.
12. Престанете да се нервирате. Здравјето ви е потребно, а стресот го уништува.
13. Спијте најмалку 7 часа во текот на ноќта за да можете да функционирате во текот на денот.
14. Внимавајте на вашето тело. Тоа е храм на вашата душа.
15. Кажете го она што го имате на ум. Секогаш одржувајте ги ветувањата, без разлика на тоа колку ќе ве чини.
16. Самодовербата се стекнува само ако го живеете животот со полни гради.
17. Искушенијата се моментални, а последиците траат цел живот.
18. Плановите често знаат да изјаловат. Затоа секогаш имајте план „Б“ за да можете да се движите напред.
19. Работете паметно, а не вредно.
20. Вистината е секогаш најдобра, без разлика на тоа колку болела некогаш. Подобро да знаете, отколку да погодувате или слепо да верувате.
21. Сакајте се себеси. Само ако се цените себеси, ќе ве ценат и другите.
22. Бидете љубезни - секогаш.
23. Секоја љубовна врска нема да трае цел живот и тоа е сосема во ред.
24. Не е ваша работа на другите да им држите лекции. Доволно е да дадете добар пример со својот живот.
25. Ако сте родител, внимавајте што правите - децата секогаш го прават она што го гледаат.
26. Промените бараат посветеност, дисциплина и повторување.
27. Фокусирајте се на сегашноста.
28. Што и да правите сега, во мислите нека ви биде иднината.
29. Дозволете минатото да отиде во заборав.
30. Не можете да го промените човекот. Или ќе го прифатите или ќе продолжите без него.
31. Секогаш слушајте го туѓото мислење. Кога ќе престанете да слушате, ќе престанете да учите.
32. Преиспитувајте сè. Тоа е единствен начин работите да ги направите како што треба.
33. Вашите верувања ја дефинираат твојата личност, затоа треба внимателно да ги одбирате.
34. Ќе имате многу препреки на вашиот животен пат. Не се борете против нив, научете како правилно да ги совладате.
35. Вашиот ум е моќен. Инвестирајте во него, учете секој ден.
36. Никој не знае што се случува кога ќе умреме.
37. Однесувајте се со другите онака како што сакате да се однесуваат со вас.
38. Секогаш следете ги целите, но понекогаш и променете ги. Проширете си ги видиците.
39. Да бидете среќен е одлука.
40. Сè додека не се откажете од животот и тој нема да се откаже од вас.
Н. Г. | Црнобело