Поучна приказна: Мачорот кој ја сакаше птицата

Си живееше еднаш еден мачор кој сакаше една птица; а птицата, исто така, го сакаше мачорот. Секој ден тие се сретнуваа на местото каде земјата се сретнуваше со небото, а таму нивната поврзаност постојано растеше.

Poucna-prikazna-Macorot-koj-ja-sakase-pticata-01

Нивната љубов се состоеше од меки пердуви и килибар и светеше на месечевата светлина како свеќа во осамен свет.

Мачорот ги сечеше канџите и ги полнеше забите за да ја заштити неговата љубена и ја научи како да се движи како течен оган меѓу високите стебла на тревата – тивко, жилаво и мелодично. А, птицата го смири мавтањето со крилјата и го научи да танцува како што воздухот танцува на музиката од облаците.

И така си живееја, се сакаа, си играа и ги спојуваа искривените рабови на нивните разлики како бесконечна сложувалка, онаму каде се сретнуваа небото и земјата.

И беа среќни, навистина беа среќни.

Птицата заборави на небото во широкото пространство од душата на нејзината љубов; таа уживаше да ги гледа зраците сончева светлина кои паѓаа врз нејзините пердуви и се одразува во неговите очи. А мачорот – мачорот најде побогата длабочина од ноќта со неговата љубов. Тој никогаш не се обиде да го слушне ехото на неговиот глас во нејзините лесни коски. 

Да, тие беа среќни, но љубов како нивната никогаш не може да биде лесна. Песната на ноќта го разбуди мачорот од сонот; ветрот ја повикуваше птицата да ја следи, следи...

Циниците тврдеа дека мачорот ќе ја изеде птицата пред да помине една година; романтичарите, речиси без здив, веруваа дека нивната љубов ќе биде вечна.

Реалноста не беше ниту толку трагична, ниту толку идилична.

Тие живееја и се сакаа онаму каде земјата се сретнуваше со небото, но живеалиштето натежнуваше врз двете страни:

„Птица може да сака риба, но каде би живееле?“

Птица би можела да сака мачор, но дали таквата љубов би преживеала?

Да, мјаукна мачорот; да, зацрцори птицата. Но, ниту еден од нив не можеше да ја негира вистината која чукаше во нивните гради. Мачорот жалеше по темнината; птицата жалеше по небото – без разлика на нивната страст; без разлика колку многу се трудеа.

Тоа беше космичка шега од најголеми размери, да им се даде на две суштества како нив љубов која ќе ги предизвика законите на универзумот – но, не и безбедно место каде таа ќе живее. Боговите се смееја на нивната судбина, единствените кои добро го познаваа светот каде небото и земјата се поврзуваа.

Сепак, мачорот ја сакаше птицата, а птицата го сакаше мачорот, а таквата љубов никогаш не може да биде лесна, тоа беше многу едноставно.

На птицата ѝ требаше небото, на мачорот ноќта, но сепак нивните срца се сретнуваат некаде помеѓу летот и ловот.

Постои место зад точката каде се сретнуваат небото и земјата – каде птиците може да летаат како медена темнина, а и мачките летаат, исто така; каде мудрите го нарекуваат раст она што ние го нарекуваме компромис – место некаде помеѓу, каде настанува метаморфозата.

Токму таму птицата и мачорот го основаа својот дом, а сјајот на нивната љубов продолжи да свети.

Понекогаш, мачорот е мачор и рибата е риба – космичката шега е шега, а крајот е крај – но понекогаш, само понекогаш, зад хоризонтот постои и друг свет. Кога работите се едноставни, но не и лесни, можеме да да одиме таму – можеби.

Птицата која го сакаше мачорот и мачорот кој ја сакаше птицата го направија токму тоа.

И така си живееја, се сакаа а земјата продолжи да се врти – токму како и оваа приказна – без почеток и без крај.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...
Шолји со кравичка, чинии со сина линија – Како изгледаа сервисите за кафе и јадење во Југославија? Дали сѐ уште поседувате некои од овие шолји и чинии? Во времето на Југославија, ...
Мики Секуловски за CRNOBELO лексикон: „Брат ми правеше бељи, јас го извлекував подебелиот крај“ „Се плашам од користољубиви луѓе, а најголем идол ми е татко ми“ - Мики Секуловс...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...
Кристина Димитри за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам моќ да ги излечам сите деца во светот“ „Кога бев малечка татко ми ме викаше Мече“, вели Кристина Димитри и се потпиша в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg