Заминете си на време...

Заминете си на време. Заминете си накај дома, дури и ако никој не ве чека таму. Заминете си од одлична журка без пијачка за збогум.

zaminete-si-na-vreme-01.jpg

Заминете си од врските кои не ви се потребни, од лошите навики од кои сакате да се ослободите, од депресијата, погрешните луѓе, личноста која не ве сака или личноста која не ја сакате повеќе.

Дозволете ѝ на личноста покрај вас да најде некоја подобра сродна душа, да се чувствува поудобно во сопствената кожа. Ако не можете заедно да бидете среќни, заминете си и дајте си шанса да ја пронајдете вистинската личност.

Заминете си на време. Не оставајте на вашето тело длабоки рани, не ја инфицирајте вашата душа со вирусот на вина. Тоа чувство не само што ќе ви ја уништи душата, туку и умот и телото. Дајте си време и не ја уништувајте сликата на вашиот живот.

Ценете го вашиот живот, повеќе отколку го ценат другите . Заминете си на време. Ако некој го вреднува својот живот над вашиот, заминете си. Заминете си, бидејќи само вие сте одговорни за вашата судбина, а не за нечиј туѓ. Животот е најскапоцениот дар, затоа не го жртвувајте. Не дарувајте љубов на оние кои не ја гледаат убавината во тоа, ниту вистинската вредност.

Не е тешко да се изгубите себеси, ниту да се претворите во нешто друго, да живеете нечиј туѓ живот, да живеете во некој друг свет.

Да се пронајдете себеси - тоа е навистина тешко. Сами вие можете да се дефинирате себеси и до кој степен некоја личност може да ве користи. Бидејќи ако залудно се жртвувате, така не си давате сила, туку си ја одземате.

Научете се на време да си заминете од разните животни околности и ситуации. Секогаш ќе знаете да го препознаете тој момент кога е време да си заминете - верувајте во себе, во вашата интуиција и не се лажете ниту себеси ниту другите.

Не постојат лоши луѓе на овој свет, постојат само оние кои се поразлични од вас. И не постои друга одговорност, освен личната.

Сè што се случува се случува во нашиот живот. Сè што се случува дури и на островите Галапагос во Еквадор, се случува со наша дозвола. Ние сме дозволиле нашиот живот да биде онаков каков што е. Ние сме дозволиле да доминира сивило во нашиот живот, ние сме дозволиле стравот да се всели во нашиот живот, да станеме аутсајдери во сопствениот живот.

Можеби дошло време да си заминете од сè. Да заминете е неверојатно тешко, но да заминете во вистинскиот момент е неопходност.

Заминете си на време од опсесивните илузии и наметнатите стравови, но и понатаму настојувајте да сонувате, да испробувате.

Не се плашете да погрешите, бидејќи тоа значи дека сте се обиделе. Не се плашете од реакциите да другите луѓе, бидејќи не можете сто постотно  да предвидите што ќе се случи, сè додека не го направите она што сте го замислиле. И ако сте можеле, тогаш стравот бил бесмислен. Но, ќе имате шанса да си заминете на време. Така е, да си заминете и да продолжите понатаму.

Знаеме кога нешто ни недостасува и посакуваме да го имаме, кога нешто не ни било пружено, а сме очекувале. Но, никогаш не размислуваме за тоа зошто не ни било пружено тоа што сме го барале.

Вистината е едноставна: сè си доаѓа во свое време, дури и чудата. Затоа заминете си на време и не одолговлекувајте. Ако одолговлекувате, ништо не се менува. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, гушкај ме почесто, те молам Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнува...
„Мора да јадеш леб“ и уште 6 (застарени) навики со кои родителите нѐ излудуваат Постарите сѐ уште веруваат дека ќотекот е излезен од рајот, дека старите и дотра...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...
Кире Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Кошарка ми е омилен спорт, обожавам македонска народна музика“ „Многу сакав да играм џамлии и фудбал на улица со другарите. А бев голем бељаџиј...
Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања? Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интерн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg