Реченици кои имаат моќ да ни го променат животот, а не си ги кажуваме доволно често
Во одреден период од животот, секоја ситница има цел да ви ги тестира нервите. За да го „вратите ударот“ на најдобар можен начин, неопходна ви е мотивација.
Иако знаеме дека само една реченица има моќ да ни го промени расположението и начинот на кој ги гледаме проблемите, сепак понекогаш забораваме да ги формулираме на вистински начин.
Па, следен пат наместо да закочите пред препреката, одберете неколку од овие реченици кои ќе ви помогнат да ја прескокнете:
1. Не можам да контролирам сè што се случува околу мене. Можам да го контролирам само начинот на кој реагирам. Моќта е во мојот одговор на ситуацијата.
2. Никогаш повеќе нема да се заглавам во мислите „што можев“ и „што требаше“ да направам.
3. Го прифаќам она што ме пресретнува во животот и единствената важна работа е да го пречекам на најдобар можен начин.
4. Да правам грешки е секогаш подобро отколку да лажирам совршенство.
5. Предизвикот станува пречка само ако се поклонам пред него.
6. Никогаш нема да се кријам од моите стравови, затоа што тие не се тука за да ме исплашат. Напротив, само ме потсетуваат кога нешто е доволно вредно.
7. Постои голема разлика помеѓу празниот замор и пријатната исцрпеност. Животот е краток. Подобро ќе инвестирам во активности и ќе го одберам второто.
8. Ако немам доволно време за она што ми е важно, ќе престанам да ги правам работите кои не ми се важни.
9. Не можам да изградам углед базиран на што ќе направам утре или некогаш во животот.
10. Среќата ќе ја почувствувам само кога ќе доаѓа од мене.
11. Ќе се фокусирам да станам подобра личност, наместо другите да мислат дека сум подобра личност.
12. Секогаш ќе бидам презафатен/а со својата работа, што нема ни да забележам ако „туѓата трева е позелена“.
13. Мојот следен чекор во вистинската насока не секогаш мора да биде огромен.
М. Д. | Црнобело