Мајко Македонијо, зошто ова ти го правиме?

Mајко Македонијо...

majko-makedonijo-zoshto-ova-ti-go-pravime-01.jpg

Зошто само лошо за тебе зборуваме, како грам љубов во срцето за тебе да немаме?

Зошто фрламе отпадоци кај ќе стигнеме, како наша да не си?

Зошто не внимаваме на твоите убавини, а кога одиме во туѓа земја највнимателни сме?

Зошто со некултура те ставаме во истата реченица, а ние сме „твојата некултура“?

Зошто само те критикуваме, а не преземаме ништо да те промениме?

Зошто во тебе не ни се работи, а во туѓина и по две работни функции опслужуваме?

Зошто природата не ти ја цениме, а настрана кога ќе отидеме и понеубави места ги фалиме на сиот глас?

Зошто многу ти ветуваме, а малку ти исполнуваме, работите да се случат сами од себе очекуваме?

Зошто забораваме дека ти си јас, Петко, Бојан, Марија, Игор, дека ние сме Македонија?

Зошто пресудуваме дека патот со трње ни е поплочен само затоа што тука сме се родиле, а тука мајка и татко се вљубиле, тука нè родиле, тука одгледале?

Зошто мајко Македонијо како маќеа која ни била доделена те гледаме и која не сме се ни потрудиле да ја сакаме?

Имаш ти мани, знам јас, и сите пак гласно за нив ќе зборуваат.

Но, имаш ти и убавини, исто така знам и ги живеам.

Имаш ти жуборливи водопади, недогледни полјани, имаш семејни вредности, искрени дружби, највесели кафеани...

Имаш луѓе искрени, нудиш живот опуштен, темпо што да посветиш време и на фамилијата ти дава.

Имаш многу, само малку кој за твоето многу зборува.

Најчесто тоа ќе го сфатиме кога далеку ќе отидеме, кога предоцна ќе биде или кога животот залудно ќе го минеме во твое критикување, наместо славење.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Празната душа не можете да ја наполните со материјални работи Многу луѓе се трудат да стекнат материјално богатство со надеж дека ќе им донесе...
Реални искуства со лоши наставници поради кои го отсакавме училиштето „Ќерка ми во осмо одделение доби четворка по физика, иако беше одлична по сите д...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Ќе ѝ помогнеш на „будалата“ да прогледа, па ќе види сè освен тебе Кога ќе помогнеме некому и нема да добиеме ниту едно „Благодарам“ може да се поч...
Заштити ја сопругата и поддржувај ја – направи да се чувствува сакано Заштити си ја сопругата. Треба да бидеш нејзин партнер, нејзина доверлива личнос...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg