Имав 1000 причини за да се предадам, но само една беше доволна за да живеам

Лежам тука на болничкиот кревет, ми се чини дека тој стана мој дом.

imav-1000-pricini-za-kraj-no-samo-edna-bese-dovolna-za-da-ziveam-001.jpg

Инфузијата е повторно приклучена на мојата рака, како оков од кој не успеав да се ослободам. Мислите ми летаат надвор каде времето иако беше ладно, сепак имаше сонце, овде внатре некако зраците на сонцето не допираа до мене.

Но, не можев да се пожалам бидејќи сестрата секој ден ме носеше во обиколка, во количка, како мало дете, но тоа не беше доволно, бидејќи не се чувствував слободен.

Ти дојде денес, драго цимерче од болницата и немој да ме сфатиш погрешно, но не ти посакувам уште долго да останеш.

Не е заради твојата симпатичност или несимпатичност туку бидејќи не сакам да се закоравиш овде на начинот на кој јас се закоравив.

Не се срами да плачеш, забележав дека ги притиснуваш солзите и јас плачев. Но, морам да признаам беше полесно бидејќи јас бев тука сам, плачев додека не ми истекоа очите, мажите како нас иако се силни плачат, дозволено е.

„Ти велиш дека си тука долго време, како издржуваш, јас сум тука нецел час и ми се чини психата ќе ме изеде, посакувам да се загушам во сопствените солзи, бидејќи не верувам дека некогаш ќе дочекам радосно утро“ - рече гневно удирајќи со десната рака по железото на креветот.

„Нема точна дефиниција на она што би те одржало со здрав разум тука. Можам да ти ја раскажам мојата кратка приказна која ме носи низ моето не толку посакувано патешествие.

Ќе чувствуваш срам онолку колку што ќе чувствуваш болка, ќе заборавиш на гордост бидејќи ќе треба да бидеш наранет и прошетан, дури и за физиолошките потреби некогаш ќе ти помага некој друг. Но, мора да се навикнеш.

Јас ја изгубив косата, јас изгубив крупната машка снага која ја градев цел живот, трпев болки кои ме излудуваа, викав и се борев со демони во мојот сон. Никогаш не мислев дека животот буквално ќе ме стопи, погледни ме едвај имам педесет килограми, зарем тоа се килограми за 30-годишен маж?

Имам илјада причини за да попуштам и да бидам психички нестабилен, но имам една причина која ме држи да се борам секојдневно.

Сакам да го гледам изгревањето на сонцето и неговото заоѓање, сакам да го гледам сè додека не остарам во фотелјата во мојот дом, можеби не е многу голем сон, но за мене е доволен. Ако Бог ги ислушал молитвите кои ги кажувам навечер, би требало да се оствари.

Тоа сакам да го научиш од мене, да не ја губиш надежта и да ја разбудиш силата во себе, оваа болест која владее со нас, можеби изгледа непобедлива, но ние сме посилни, можеби со солзи во очите, но силни.

Разбуди ја таа среќа за новотo утро во себе, јас ќе бидам до тебе, кога најмногу ќе боли, кога ќе ги споиш рацете за молитва.

Биди среќен бидејќи до мене никој немаше. Крени го сокот од праска да наздравиме за нашата борба, со едно живели, со очекување на утрешното изгрејсонце и желбата набргу со вино во некоја кафана, еден до еден, повторно да прославиме“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg