Не се грижете што времето лета...

Не очајувајте затоа што помина уште една есен и пристигна уште една зима... И не треба да бидете меланхолични затоа што секое лето трае сè пократко и пократко. Како времето, генерално, брзо минува.

ne-se-grizete-shto-vremeto-leta-01.jpg

Не треба да ве обземаат негативни мисли и да се убедувате себеси дека не е важно како изгледате или колкав е списокот на работи кои не доликуваат за вашите години.

Нека не ви биде најважно тоа колку тегли зимница ви остануваат до крајот на зимата.

Не се откажувајте од малите работи во кои до пред некое време уживавте.

Само така се старее среќно...

Затоа што ако се препуштите на овие работи своеволно го подигнувате белото знаме на младоста.

Пред некој ден повторно се слушнав со мајката на еден мој пријател која има 80 години. Жена со весел глас, брзо зборување, духовита и паметна, љубопитна...

Ми ги наброја сите нови кафулиња во градот. Ги знае бидејќи секоја недела оди во некое ново кафуле за да проба какво им е капучиното.

И многу се грижи околу тоа што оваа недела немала можност да оди на фризер.

Во разговорот со неа се смеев на глас. Нејзините 80 години се само демографска информација која не ја спречува да се чувствува и однесува како млада личност.

За нејзе староста, освен повремени болки во колената, не постои.

Не е ни чудно што многу млади луѓе сакаат да се дружат со неа, но тоа не е единствената причина - за разлика од поголемиот дел стари луѓе таа никогаш не зборува за минатото, ниту за болестите.

Не му приговара на сопствениот син што не доаѓа често и не очекува другите да се сетат на неа.

Ја прашав: „Како успевате да останете ведри и весели?“.

„Никогаш не помислив дека сум жртва на животот и секој ден гледам што ми дава животот. Токму затоа, во последно време добивам најмногу комплименти“ - ми врати.

„Генијалец сте“ - ѝ реков.

„Ете гледаш?“ - ми рече во смеење.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Први април: Наместо ден на шегата, се претвори во натпревар кој повеќе пари ќе потроши за правење ма... Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ н...
Празната душа не можете да ја наполните со материјални работи Многу луѓе се трудат да стекнат материјално богатство со надеж дека ќе им донесе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg