8 моменти на осаменост кои сите ги доживуваме во својот живот

И покрај тоа што сме опкружени со луѓе и бомбардирани со безброј информации за сите работи околу нас, сé уште постојат моменти кога луѓето се чувствуваат осамено и исклучено од светот.

8-momenti-na-osamenost-koi-site-gi-dozivuvame-vo-svojot-zivot

Чувството на осаменоста е непријатно, но тоа е она што нè прави вистински луѓе.

Важно е да бидете искрени во врска со ова, бидејќи сите ние еден ден ќе се судриме со таквите моменти во нашите животи.

1. Кога сте во толпа луѓе, но не можете да се поврзете со никого

Ќе постојат моменти кога ќе бидете опкружени со безброј личности, но сé уште ќе се чувствувате осамено и исклучено. Ова често се случува кога пристигнувате во нова земја, нова култура, започнувате нова работа или запишувате нов факултет.


2. Кога ќе изгубите блиски луѓе

Секојдневно се соочуваме со здравје и болест, живот и смрт. Што сме постари толку поверојатно луѓето околу нас - нашите пријатели и сакани - се подложни на болести и смрт. Луѓето можат да се разболат и да исчезнат поради природни или неприродни причини.


3. Кога ги губите пријателите поради работните обврски

Кога пријателите се движат во различни фази во животот, постои можност истите да се изгубат во толпата обврски од ваша или од нивна страна.


4. Кога ќе се преселите во друга држава

Ова значи дека морате да ги оставите своите пријатели, своето семејство, удобноста и заедницата зад вас. Почнувате нов живот во друга држава, поради што можете да се чувствувате осамено, бидејќи не познавате никого. Но не грижете се - сето ова е дел од нова авантура.


5. Кога имате одлична идеја, но никој не ве слуша

Кога имате одлична идеја, решение, план, дестинација и возбудено го споделувате ова со своите пријатели, но никој не ве слуша.


6. Кога ќе успеете, но с
é уште се чувствувате празно

Луѓето кои имаат инвестирано многу во нивните кариери понекогаш се чувствуваат осамено кога конечно ќе ја постигнат целта. Суровата вистина е дека понекогаш, кога навистина се стремите кон успехот оставате некои луѓе зад себе.


7. Кога се борите, а никој не разбира зошто

Во потрага по вашата страст ретко кој може да ве разбере, да сфати од каде потекнувате и кога ќе се скршите и изгорите. Некои луѓе би можеле да ве исмејуваат, бидејќи ги поместувате границите, додека другите ќе се запрашаат што се обидувате да постигнете.


8. Кога ќе ја пропуштите можноста која никогаш нема да се врати

Сите го знаеме ова чувство, било да се работи за можност за кариера, пријателство, можност за љубов... Некои можности никогаш нема да се вратат, но секогаш постојат нови можности во животот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Вашето дете е расеано!“ – ми велат, но го сакам такво какво што е и не би го менувала за ниту едно ... Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Мајко Македонијо, зошто ова ти го правиме? Зошто само лошо за тебе зборуваме, како грам љубов во срцето за тебе да немаме? ...
Ќе ѝ помогнеш на „будалата“ да прогледа, па ќе види сè освен тебе Кога ќе помогнеме некому и нема да добиеме ниту едно „Благодарам“ може да се поч...
„Не можам да си ја видам Битола од смог и чад - пропаднала во тешката смеса од сулфур и согорени пла... Баба ми ги перела алиштата, видела малку сонце, па ги извадила надвор да се исуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg