Замислете ја најголемата желба за идната година...

Сонувајте со отворени очи, непрекинато. Точно на полноќ, со цело ваше битие посакајте ја желбата и искрено прегрнете ги оние кои изминативе 365 дена ви ги направија магични, инспиративни, поинакви...

zamislete-ja-najgolemata-zelba-za-idnata-godina-01.jpg

Љубете силно, гушкајте нежно, бакнувајте страстно... Нека секој ден биде празник на љубовта.

За идната година, ви посакуваме бескрајна инспирација за нештата кои сакате да бидат дел од вашиот свет.

Барајте инспирација во ситниците кои живот значат, еден ден ќе сфатите колку се тие големи и ве прават живи.

Животот е краток. Времето лета. Тоа обично најдобро го согледуваме на крајот од годината.

Затоа во идната Нова, правете ги само оние нешта кои ви причинуваат радост.

Бегајте од негативните луѓе, не читајте вести од црна хроника, не коментирајте во негативен контекст.

На крајот од денот, неделата, месецот, бројте ги само оние моменти кои ве направиле бескрајно радосни.

M. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаме култура – ни во маркет, ни во јавен тоалет“ Можеби повеќе од апсурдно е да се зборува за тоа како треба вистински да се одне...
Пиевме сок од пластични чашки, жените носеа лисици на врат - Фотки кои будат носталгија по среќното ... Бевме деца седнати пред телевизор и секоја вечер во 7 чекавме да почне цртаниот ...
Александра Шијакоска за CRNOBELO лексикон: „Свекрва ми ми е идол“ „Ако имам времеплов би се вратила само во средно училиште. Најубавите четири год...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Полесни ми беа домашните како дете, отколку како родител – Ги разгалуваме ли несвесно децата? На Фејсбук деновиве се вртеше едно меме во кое верувам дека се пронајдоа голем б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg