15 златни правила за животот кои секогаш делуваат
Можете да го поминете целото време во животот правејќи ништо или правејќи одредена рутина, ден за ден, а можете и да се фокусирате на она што е вистински важно.
Во таа цел ќе ви помогнат едноставните вистини, кои на прв поглед ни се познати на сите, но ретко кој ги применува во пракса.
Ви предлагаме да се потсетите на нив пред додека е време...
1. Не повредувајте било кого, дури ни во сериозна кавга. Голема е веројатноста дека ќе ја надминете кавгата, без да можете да ги вратите зборовите.
2. Никогаш не им простувајте на предавниците. Тие не се менуваат.
3. Кажувајте ја вистината, тогаш ништо не мора да паметите.
4. Не се смејте на туѓите соништа. Мислете на своите.
5. Ако ненадејно добивте идеја – задолжително запишете ја.
6. Не можете да стигнете на време? Барем јавете се, тоа не е тешко.
7. Не ширете гласини и не трачарете во друштво. Запаметете, истите тие луѓе можат да прошират гласини и за вас.
8. Бидете во состојба секогаш да си ја признаете грешката. Не греши само оној кој не прави ништо.
9. Не се жалете. Проблемот не е за жалење, туку за решавање.
10. Движете се и покрај се што ви се случува во животот. Не застанувајте на постигнатото и не седете со скрстени раце.
11. На почетокот од денот секогаш завршете ја најтешката и најздодевна работа. Така останатиот дел од денот мислите ќе ви бидат слободни.
12. Телевизор – направа за непотребно изгубено време.
13. Пробајте да не позајмувате пари. Долговите се како замка – лесно е да западнете, тешко е да се извлечете.
14. Љубезноста е секогаш добредојдена. Таа е бесплатна за вас, а за другите е цело богатство.
15. Не живејте од стара слава или од некогашните неуспеси. Вашето минато не ја одредува вашата иднина.