166 зборови кои ќе ви ја ослободат душата
Искусувај. Сонувај. Ризикувај. Затвори ги очите и скокни. Уживај во падот. Одбери ослободување, наместо комфор. Одбери магија, наместо предвидливост. Одбери потенцијал, наместо сигурност.
Разбуди се и искористи ја магијата која животот ти ја нуди. Создавај пријателства со интуицијата која ја имаш. Верувај им на претчувствата.
Откриј ја убавината на неодреденото. Запознај се себеси целосно пред да се ветиш на некој друг. Направи милион грешки, за да знаеш што точно треба да одбереш.
Научи кога да останеш, а кога да заминеш. Сакај силно, моќно и без резерва.
Барај знаење. Отвори се пред новите можности. Отвори го срцето, крени ја главата високо и ослободи го духот.
Почитувај ја својата темна страна исто колку и светлата. Погреши понекогаш, но и не биди исплашен да ја признаеш грешката.
Разбуди ја брилијантноста во обичните ситници. Кажувај ја вистината по секоја цена. Биди господар на својата реалност, без извинување.
Гледа ја добрината во светот. Биди упорен. Биди бестрашен. Биди благодарен. Биди див, луд и слободен. Биди свој.
Сега оди и живеј слободно.