14 работи со кои треба да се збогувате пред почетокот на следната година

Секој крај на една година го одбележуваат надежи и возбудливи ветувања. Но, многу луѓе забораваат дека доколку сакате да ги остварите желбите, некои работи треба да ги оставите зад себе.

14-raboti-so-koi-treba-da-se-zboguvate-pred-pocetokot-na-slednata-godina-01.jpg

Ако навистина сакате оваа година да биде подобра од претходната откажете се од овие 14 работи:  

1. Кажете им збогум на гласовите во главата кои ви кажуваат дека не сте способни да правите нешто или да бидете некој.

2. Кажете и збогум на потребата за одобрување. На сите ни е потребно одобрување од другите од време на време, но не мора постојано да го барате.

3. Кажете им збогум на сите моменти на кои не сте биле горди и не заборавајте дека вие сте човечко суштество кое сè уште учи како да живее.

4. Кажете им збогум на ветувањата кои не ги исполнивте.

5. Кажете им збогум на сомнежите и негативноста од минатата година.

6. Кажете им збогум на времињата кога плачевте и чувствувавте болка.

7. Збогувајте се со луѓето кои не сакаат да бидат со вас, тие не биле наменети да бидат во вашиот живот поради одредени причини. Фокусирајте се на оние луѓе кои се околу вас.

8. Кажете им збогум на спомените кои ги повторувате во вашата глава, без разлика дали се добри или лоши.

9. Кажете ѝ збогум на зависноста од вашиот телефон, лаптоп и социјалните мрежи. Поминувајте повеќе време во природа.

10. Кажете им збогум на сите незрели реакции и агресии.

11. Кажете им збогум на сите луѓе кои ви недостасуваа, но кои немале исти чувства кон вас.

12. Збогувајте се со патувањата на кои не сте биле, градовите во кои никогаш не сте отишле или можностите кои ги одминавте. Тоа нека ви биде потсетник дека, без оглед на тоа колку напорно се трудите, не секогаш ќе имате контрола врз настаните.

13. Збогувајте се со сите физички недостатоци. Почнете да се сакате себеси какви што сте и променете го начинот на кој гледате на себе.

14. И конечно, збогувајте се со мислата дека следната година ќе биде иста и дека ништо нема да се промени.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Реални искуства со лоши наставници поради кои го отсакавме училиштето „Ќерка ми во осмо одделение доби четворка по физика, иако беше одлична по сите д...
„Секогаш пофали ја храната што ти ја приготвува сопругата“: Совети од мајката до нејзиниот оженет си... Помини шест вечери со семејството, а една со пријателите - важно е за ментална р...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg