Се насмеавте ли денес?

Се разбудивте ли утрово со сите обврски кои останале од вчера? Ги понесовте ли сите неостварени замисли кои не се само од деновите претходно, туку се одолговлекуваат со месеци, можеби и со години?

se-nasmeavte-li-denes-01

Го испивте ли првото кафе со мисли упатени кон сè она што ве чека денес, милион задолженија упатени на ваша адреса? Ја почувствувавте ли влажноста во утринскиот воздух?

Во целата таа бркотница сакам да застанете за момент и да се помислите - дали се насмеавте денес?

Доколку тоа сè уште не сте го направиле, ви предлагам да го направите тоа уште веднаш, за да имате еден свеж старт, за да имате утро исполнето со позитивна енергија.

Колку и да мислите дека немате причина поради која би се смееле во седум часот наутро на патот до работа или на првото предавање на факултет, сетете се на вашето семејство и моментите кои ви останале врежани во потсвеста. Пробудете ги во себе истите чувства кои ги доживеавте при првиот бакнеж, при првата љубов.

Јавете се на некој близок и разубавете му го утрото, ќе видите дека секоја обврска која ви се наметнала ќе ја извршите полесно.

Ширете ја позитвината енергија, бидете извор и разубавете нечиј тежок ден. Погледнете ги другите во очи и испијте ја нивната тага од телото.

Бидете промена која секој ќе ја посака во своја близина.

Наместо да се растажувате за она што не сте успеале да го постигнете сетете се на сите ваши успеси, дозволете им на вашите солзи да ја напуштат главната сцена и нека настапи една блескава насмевка со која вие едноставно ќе зрачите.

Најдете начин секогаш и секаде да бидете изворот на оптимизам и стремеж кон нешто убаво во просторијата исполнета со темнина, не е воопшто тешко само треба да се навикнете.

Поделете комплименти, бидете искрени, ширете се како позитивна зараза низ сите кои ќе дојдат во контакт со вас.

Исполнете нечиј живот со неизмерна љубов, дозволете во вашиот живот да навлезе топлина наместо огорченост и лоши мисли.

Сите знаеме дека е навистина тешко да се биде оној кој е непресушен зрак на светлина кој вреди да се почувствува секојдневно, но сетете се на некој оптимистичен, весел, насмеан човек кој кога ќе го сретнете ви го разубавува не само денот, туку и животот.

Зацртајте си во потсвеста дека токму вие можете да бидете таква вечна потркепа и инспирација за сите на кои тоа им е потребно.

Ако сè уште не сте се насмеале, направете го тоа веднаш, еднаш гласно, најгласно, дури и ако е од болка, насмевнете се и дозволете секоја лоша мисла да исчезне со вашата смеа.

Посакајте само убави работи и ќе видите дека универзумот ќе ги промени сите други планови само за да ви ја врати таа добрина со добро.

Не чекајте, денес е нов ден, нов почеток, тука сте за да сведочите, треба ли поголема причина за една огромна насмевка од дното на душата?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg