Работи кои не сакате да ги слушнете, а треба да ви одекнуваат во главата

Сите од нас бараат искреност, а кога ќе бидете целосно искрени, тогаш останатите ви забележуваат. Но сепак, она што треба да биде кажано, едноставно треба да се каже. 

Raboti-koi-ne-sakate-da-gi-slusnete-a-treba-da-vi-odeknuvaat-vo-glavata-01

Кога некој близок ве критикува тоа не значи дека ви посакува лошо во вашиот живот, туку едноставно тоа е критика која вие треба да ја претворите во научена лекција за да го извадите најдоброто од вашиот живот.

И колку и да не сакате да ги слушнете овие работи треба да запомните:

1. Не бидете толку кревки

Во суровоста на секојдневното постоење вие не можете да бидете луѓето со стаклено ѕвоно, бидејќи светот ќе ве проголта. Треба да знаете како да станете посилни и да чекорите цврсто и стабилно, а не да потпаѓате во депресија со секоја бура на обврските кои ве мачат.

Научете да ја чувате кревкоста за пред пријателите и вашите најблиски, но во секојдневието научете да покажете малку заби и да се борите за вашето место под ова небо. Да не се разбереме погрешно, убаво е да бидете фини и мили, но понекогаш, барем кога станува збор за борбата за опстанок, наместо да мјаукате - ‘ржете.


2. Грижете се за вашиот углед

Кога станува збор за вашиот углед, тука не смеете да направите грешка. Трудете се секогаш да бидете на соодветно ниво и да немате неконтролирани испади на места каде што тоа не е дозволено.

Сигурно не сакате цела ваша кариера или цела ваша личност што сте ја граделе пред другите со години, да пропадне во неколку секунди поради некој каприц.


3. Грижете се за вашиот изглед

Не секој од нас може да си дозволи скапи парчиња облека како што тоа е случај со познатите. Но сепак, секој може да одвои пари за пар фармерки и неколку блузи кои што ако правилно ги изберете и искомбинирате, нема да ви треба облека со името на некој познат креатор.

На тој начин со убаво искомбинирани парчиња ќе изгледате волшебно и ќе оставите впечаток дека сте личност која се грижи за себеси.

Исто така, ако се чувствувате несигурно со вашето тело, преземете нешто.

Ако немате средства за да одите во теретана, вежбајте дома. Убаво тело не се добива со седење и жалење околу вишокот килограми. Ниту ѕвездите не го добиваат така.

Ако сакате да се средите, тогаш вежбајте, вежбањето никого не убило.


4. Не барајте изговори

Кога ќе ја измешате работата и плановите нема да излезат онака како што сите очекувале, не барајте изговори. Подобро е да признаете дека сте згрешиле, да откриете каде е таа грешка и наредниот пат да ја поправите.

Нема да изгледате како „најголеми лузери“, туку напротив, сите ќе ве почитуваат поради тоа што сте доблесни да признаете.

Затоа престанете со изговори, работете, грешете, исправајте, поправајте и покажете ги посакуваните резултати.


5. Не бидете плачковци

Не трчајте наоколу жалејќи се за своите проблеми. Секој од нас има свои проблеми, но наместо да се насочите кон губење енергија објаснувајќи колку ви е тешко на душата поради материјалот на факултет или колку ви е напорна работата, преземете нешто околу тоа.

Проблемите како што настануваат така и се решаваат, барем повеќето. Наместо да бидете познати како плачковци, бидете познати како цврсти луѓе кои се справуваат достојно со секој предизвик, без разлика каква е неговата тежина.

И кога блиските ве критикуваат прифатете ја критиката. Ви ја даваат најдобронамерно за да станете подобри и да ги намалите вашите несовршености.

Никој никогаш нема да биде совршен, но ако човек се поти за да ги неутрализира своите недостатоци, тогаш тоа е еквивалентно на фактот да се биде совршен.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“ „Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години“ - напиша Иго...
Мики Секуловски за CRNOBELO лексикон: „Брат ми правеше бељи, јас го извлекував подебелиот крај“ „Се плашам од користољубиви луѓе, а најголем идол ми е татко ми“ - Мики Секуловс...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...
Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Сомнителен маж ме демнеше преку прозорецот додека раб... Нешто после полноќ, на безбедносните камери видов млад дечко пред хотелот... Ме ...
Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“ „Обично не стигнувам да откачам во кафеана, зашто секогаш ме тераат да пеам, па ...
Да можевме, би нацртале цвет на небото за да знаете дека ни недостигате – Среќен 8 Март на жените ко... Да можевме би направиле скалила до небото за последен пат да ве прегрнеме и да в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg