Кој ли ме натера да пораснам?

Како што изминува секој ден сфаќаш дека животот ти поставува неизбежна стапица.

Koj-li-me-izlaza-da-porasnam-01.jpg

Секојдневното трчање кон некаде станува пренапорно, а обичните обврски стануваат тешко бреме кое треба да го носиш секојдневно на твоите преморени раменици. Цело време се грижиш што ќе биде во иднина, размислувајќи за секој чекор, секоја постапка која се случила денес или треба да се случи утре.

И се прашувам, како дозволив да помислам дека е подобро да пораснеш?

Се сеќавам, вака секојдневно ми доаѓаат сликите додека бевме мали, и ме удира таа безгрижност право во срцето, ми го пара и протекуваат солзи, солзи за нашето среќно детство.

Тогаш некако, светот немаше такво лицемерие, ќе се соберевме сите на улицата со топки, со јажиња и ќе игравме сложно заедно.

Не гледавме чии родители се моќни, кој каква облека носи, бидејќи секако до крајот на денот секој се враќаше со огромна количина кал и прашина на своите панталони од многубројните игри кои едноставно не дозволуваа да останеш чист.

Тогаш единствени проблем беше кој ќе биде подобар во фудбалот или кој подобро игра ластик. Како да и кажете на вашата симпатија од првата клупа во училиште дека ви се допаѓа беше табу тема и тоа беше таа искрена, чиста љубов која денес ретко се наоѓа. 

Не живеевме под стресот на секојдневието и уживавме да ја натераме нашата мајка да вика по нас од терасата да се прибереме дома. Пред животот да ни ја одзеде безгрижноста, сонувавме и тоа многу, пиевме сок во чаши за ракија и бевме најголемите пијаници кои светот ги видел.

За разлика од реалноста, можевме да бидеме што сакаме и кога сакаме, негативци, херои, секој лик кој ќе дојдеше во нашата глава, бевме презабавни за светот, а не пасивни и статични како што постануваме со текот на времето.

Живеевме за утре, за новиот ден, за новата игра на улица, а не со стравот за што ќе биде утре, некако животот ни беше поисполнет, повозбудлив, не размислувавме многу, живеевме во тој момент без планови за утре.

Но, правевме една огромна грешка.

Живеевме со помислата дека треба да пораснеме.

Па се прашувам сега кој ли ми ја подметна, кој ме натера така да размислувам... Ако се прашувам јас воопшто не би пораснал. Би останал дете до крајот на животот, би се смеел, не би размислувал за материјалните работи во светот, но веќе доцна е и не може никогаш да биде, за жал Недојдија не постои, уште едно разочарување кое го дознавме кога пораснавме.

Животот е опасен играч кој сите нас нè носи во неговиот лавиринт со надеж дека ќе се изгубиме. И се губиме, ја губиме безгрижноста, ја губиме детската невиност, губиме многу работи трагајќи по среќата, по успехот, а претходно среќни сме биле. Само некако изместени ни биле фокусите.

Затоа се прашувам кој ли ме натера да пораснам?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg