Колку чини љубовта меѓу мајката и синот?

Јован веќе долго време седел на еден стол во кујната и пишувал. Домашната работа одамна си ја имаше завршено.

kolku-cini-ljubovta-megju-majkati-i-nejziniot-sin-01.jpg

Неговата мајка љубопитно го прашала: „Што пишуваш така внимателно?“

„Нешто за тебе“ – одговорил Јован, прикривајќи го листот на кој пишувал.

„Знаеш дека сум љубопитна“ – му рекла мајка му.

Јован брзал да заврши и викнал: „Конечно!“

Она што го пишувал трипати го препишувал. Секојпат имал нешто да додаде. Потоа, грижливо го ставил листот хартија во плик и го оставил на работната маса на мајка му.

Тој ден, мајка му го зела писмото и седнала да го прочита

Еве што пишувало на него:

Сметка за парите кои мајката му ги должи на Јован:

1. 6 пати фрлил отпадоци: 300 денари

2. 3 пати купил леб: 50 денари

3. 4 пати ги миел садовите: 100 денари

4. 11 пати донел дрва од подрумот: 300 денари

5. Прашина, цвеќе и други ситници: 250 денари

Сè на сè: 1000 денари

Мајката климнала со главата, го зела паричникот и рекла: „Да, во право си сине, одма ќе ти платам. Навистина помогна многу“.

Јован пресреќен, ги земал парите и заминал се упатил кон градскиот парк. Таму за едно возење на рингишпилот требало да плати 50 денари. Со парите кои ги доби од својата мајка можел да се повози неколку пати... Но, наместо тоа решил да ги стави во својата касичка.

Кога се вратил дома, на креветот го чекало писмо.

Бргу го отворил и почнал да чита:

Сметка за долговите на Јован кон неговата мајка:

1. 9 години готвела за него: 0 денари

2. 9 години перела за него: 0 денари

3. Преку 3000 пати ги миела неговите садови: 0 денари

4. Преку 300 пати му ја перела облеката: 0 денари

5. Преку 100 пати не спиела во ноќите кога тој бил болен: 0 денари

Сè на сè: 0 денари

Уште истата вечер мајката на својата работна маса ги нашла оние 1000 денари кои му ги дала тој ден. Касата на Јован повторно била празна...

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Димитар Атанасовски за CRNOBELO лексикон: „Имам скршено прозорец на комшиите со фудбалска топка“ „Како дете омилени игри ми беа фудбал, жмурка, џамлии и лего коцки. Бев одличен ...
Приказни на Македонец – рецепционер во хотел: „Маж доживеа епилептичен напад и побегна од лобито, ос... „Во хотелот влезе човек и ме замоли да му го наполнам телефонот. Прифатив, но од...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg