Прва помош за посреќен живот: Откажете се од потребата секогаш да бидете во право

Погледнете околу себе. Колку среќни лица можете да забележите? Колку од нив се насмеани или покажуваат некои други знаци на среќа?

zagrizeni-luti-nesrekjni-poglednete-na-posvetlata-strana-na-zivotot-01.jpg

Освен оние најмалите, колку возрасни луѓе се длабоко среќни и релаксирани? Веројатноста е дека повеќето од нив имаат сериозен лик. Зошто е тоа така? Зошто има толку несреќни луѓе?

Може ли нешто да се промени?

Ова се 7 најчести причини за незадоволство и 7 начини како можете да ги промените:

Загрижени сте

Марк Твен еднаш рекол: „Јас сум сега стар човек и сум размислувал многу за проблемите, но повеќето од нив никогаш не ми се случиле“.

Кога се грижите создавате негативна ситуација во иднината и верувате дека ќе ви се случи нешто лошо –создавате негативни емоции во сегашноста кои потенцијално влијаат на иднината. Едноставно кажано, самите себе се тероризирате без добра причина.

Затоа, не грижете се. Бидете среќни. Нема корист од грижите. Ако не можете да најдете соодветно решение за проблемите, грижата околу нив нема да ви помогне. Вашата енергија искористете ја за да се мотивирате да дојдете до решение на проблемите.


Препуштени сте на околината

Тешко е да најдете среќа, ако мислите дека „светот се свртел против вас“. Луѓето кои играат улога на жртва никогаш не се задоволни. Тоа е така затоа што се предале, се препуштите на милоста и немилоста на светот и немаат никаква контрола.

Овие луѓе веруваат дека нивната несреќа е предизвикана од надворешни фактори и решението може да дојде само од надвор, односно дека ништо не можат да направат самите за да си помогнат – така само си предизвикуваат дополнителна несреќа.

Никогаш не се откажувајте и не играјте улога на беспомошна жртва. Сè се случува со причина, а вие можете да го најдете решението.


Замерувате

Колку долго им се лутите на луѓето? На најблиските? На вашите пријатели?

Колку долго се лутите и замерувате на луѓето за грешките? Така, единствената личност која е под влијание на негативните емоции сте вие. Во реалноста, личноста нема замисла околу тоа што вие навистина чувствувате, а вие и понатаму сте фрустрирани и несреќни.

Простете и заборавете. Направите сè што е во ваша моќ за да заборавите, затоа што ако дозволите на некој да ве налути, тогаш само му давате потполна контрола над вашиот живот. Само така ќе бидете далеку посреќни.


Мислите дека само вие сте во право

Најбрза формула за да бидете несреќни е да верувате дека секој треба да се однесува и да размислува како вас, односно дека вашите стандарди се оние по кои треба да се води секоја личност.

На овој свет постојат толку различни погледи и сфаќања, колку што постојат и луѓе, а секој има право на свој избор. Не можете вие да бидете конечен судија.

Сфатете дека вашиот збир на правила и стандарди на однесување е само ваш. Никој друг не мора да живее по тие правила. Секој има свои правила, сфаќања, ставови и стандарди. Прифатете го тоа и сè ќе ви биде полесно, а и ќе бидете далеку порелаксирани и среќни.


Се споредувате со другите луѓе

Споредбата со луѓето околу вас може да ве мотивира, но само ако имате висока самодоверба во спротивно, може да има поинаков ефект – да ве направи несреќни, да се чувствувате лошо поради вашата инфериорност.

Престанете да се споредувате со другите. Прифатете се себеси онакви какви што сте. Ако сакате да имате мерило за тоа како да станете подобри, тогаш единствено мерило треба да бидете самите вие. Можете да станете подобра верзија од себеси, не од некое друго лице.


Си го отежнувате животот

„Ќе бидам среќен/на само ако имам милион евра“ или „ќе бидам задоволен/а ако имам скап автомобил“... Тоа се само дел од оние уверувања кои длабоко во себе знаете дека се тешко достижни и ве прават длабоко несреќни. Овие сфаќања можат да ви го направат животот далеку потежок.

Затоа, не си поставувајте високи цели. Поставете си цели кои знаете дека можете да ги достигнете и кои знаете дека ќе направат да се чувствувате подобро.

Вистински успешните луѓе често си велат: „Додека ги следам своите соништа, јас сум среќна личност“. Не е важно колку пари заработувате, колку скап автомобил имате или дали имате освоено милион евра на лотарија. Важно е да ги следите вашите соништа.


Песимистични сте

Лесно можете да ги видите оние работи кои сакате да ги видите така, ако се фокусирате на негативните работи, ќе гледате само негативни работи.

Ако песимистички размислувате за вашиот живот ќе забележите дека само негативни работи ви се случуваат, а тешко е да бидете среќни, ако гледате само лоши работи.

Погледнете на светлата страна на животот. Бидете оптимистични дури и тогаш кога ви се руши светот. Дозволете надежта да ве води и низ најмрачните ситуации во животот.

Смислата за хумор може да ви помогне. Паметете ги само добрите работи и така ќе бидете посреќни.


Поука:

Не грижете се.

Преземете одговорност и не бидете жртва.

Простете и заборавете.

Бидете отворени и толерантни.

Не се споредувајте со другите.

Дефинирајте го личниот успех и следете ги вашите соништа.

Бидете оптимисти.

Духовити...

Овие работи навистина вредат да се потрудите.

Би можело да ве интересира:

„Бев со Тоше Проески во диско во Будва, ја откачи Гоца Тржан за да нè испочитува нас, новинарите - з... Иако цели 17 години не е меѓу нас, сеќавањата што ги имам за Тоше ми се секогаш ...
Кире Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Кошарка ми е омилен спорт, обожавам македонска народна музика“ „Многу сакав да играм џамлии и фудбал на улица со другарите. А бев голем бељаџиј...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg