Сакајте се себеси, полесно е отколку што мислите
Сите луѓе на светот имаат една заедничка желба – да бидат сакани. Но, со цел да се постигне тоа, прво треба да научиме да се сакаме себеси.
Како можете да го направите тоа?
1. Престанете да се споредувате со другите. Луѓето го постигнуваат успехот на различни начини.
2. Физичката вежба е корисна, не само за вашиот изглед, туку и за вашата душа. Треба да го сакаме своето тело, без разлика како изгледа.
3. Важно е да најдете некоја активност која може да се усоврши.
4. Поминувајте повеќе време со вашите пријатели. Тие треба да ви бидат поважни од партнерот, бидејќи секогаш ќе бидат со вас.
5. Најдете време за себе. Сосема е нормално доколку сакате да останете дома во петок вечер и да гледате филм.
6. Прочитајте некоја интересна книга. Читањето ја проширува имагинацијата и го изострува умот.
7. Поминувајте повеќе време надвор. Истражувајте ги новите улици и патеки. Пешачењето е здраво.
8. Фотографирајте и ако сте во можност, печатете ги најдобрите фотографии. По неколку години, ќе ја разберете нивната непроценлива вредност.
9. Ако некој ве повреди, пуштете го нека си оди. Бидете фокусирани на сегашноста.
10. Кажувајте им на блиските личности колку ги сакате, бидејќи кога ќе ги нема ќе размислувате за нив секој ден и ќе жалите зошто не сте поминувале повеќе време со нив.
11. Запишувајте ги насловите на филмовите кои сакате да ги гледате.
12. Пронајдете го вистинското хоби за вас.
13. Чувајте пари за патување. Животот е краток, а светот е големо место полно со интересни работи кои чекаат да ги откриете.
14. Јадете помалку брза храна.
15. Танцувајте. Танцувајте со вашите пријатели. Не размислувајте за тоа дали ќе изгледате глупаво или не. Забавувајте се.
16. Отворете го своето срце. Сепак, бидете внимателни и не дозволувајте некој да ве искористи.
17. Не бидете толку пристрасни. Сé е релативно во овој свет.
18. Гледајте нагоре во небото. Ќе видите дека секое зајдисонце е прекрасно.
19. Во овој живот нема секој да ве сака. Обидете се да го разберете тоа и да го прифатите.
20. Сакајте се себеси, полесно е отколку што мислите.
М. А | Црнобело