20 работи за кои животот е прекраток да не ги направите
Понекогаш ни се чини дека имаме доволно време за сè да направиме, а најчесто одлучуваме деновите да ги поминеме на социјалните мрежи.
Реалноста е дека животот е прекраток за да не ги доживееме оние суштинските животни искуства.
Што треба да направите?
1. Одете во ресторан сами и уживајте во оброкот покрај забавна книга (без вашиот телефон). Ослободете се од стравот да јадете сами, разгледајте ги луѓето околу вас, уживајте во чаша црвено вино...
2. Шетајте голи низ станот по туширањето, сè додека имате можност за тоа. Заборавете дека треба да се облечете.
3. Научете да зготвите некој „невозможен“ рецепт, испробајте ги вашите способности, дури и да не успеете, не е важно сè додека знаете дека сте се обиделе.
4. Обојте еден ѕид во некоја „луда“ силна боја. Ако сфатите дека не ви се допаѓа, секогаш можете да ја промените.
5. Пребарајте ги продавниците за половна облека, онлајн страните каде можете да најдете веќе употребен мебел... Никогаш не знаете на што можете да наидете. Срушете ги стереотипите, испробајте нешто невообичаено.
6. Нарачајте „Bloody Mary“ дури и рано наутро. Посебно рано наутро...
7. Јавете ѝ се на вашата мајка, прашајте како е вашата баба... Не ви потребна некоја посебна причина за тоа. Обидете се да развеселите некого. Не ви е потребно многу, само еден повик.
8. Пешачете до местата на кои најчесто поминувате со автобус или автомобил. Никогаш не знаете што пропуштате.
9. Избришете го телефонскиот број кој ви прави само проблеми кога ќе го свртите. Бројот кој ве прави да се каете откако ќе го свртите.
10. Намалете ја листата на пријатели од Фејсбук. Избришете ги оние луѓе кои воопшто не ви значат во животот.
11. Престанете да се дружите со оние кои негативно влијаат на вас, кои постојано ви го уништуваат расположението, кои знаете дека не вредат да останат во вашиот живот. Заборавете на токсичните пријатели.
12. Запалете си свеќи, само за вас. Направете да се чувствувате како гостин во сопствениот дом, затоа што малите моменти го прават животот поубав.
13. Потрошете повеќе пари за некој предмет кој веќе долго време го посакувате. Препуштете се на уживањето. Затоа што тоа го заслужувате.
14. Кажете им „Те сакам“ на луѓето кои ви значат, на оние кои вистински неизмерно ги сакате и почитувате.
15. Кажете им „Извини“ на луѓето кои заслужуваат тоа да го слушнат. Проголтајте ја вашата горделивост и дајте им го извинувањето кое посакуваат да го слушнат.
16. Излезете во текот на работната недела. Дури и да е вторник. Зошто да не се препуштите на лудата забава?
17. Бакнете ја личноста која знаете дека е погрешна за вас, само затоа што тоа потајно го посакувате. Кому му е грижа за тоа?
18. Посетете ја личноста на која одамна и ветувате дека ќе потрошите барем дел од вашето време за неа. Ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.
19. Напуштете го работното место кое знаете дека ментално ве изморува и троши. Знајте дека секогаш треба да бидете среќни со работата која ја имате. Таму поминувате барем 8 часа секој ден.
20. Нарачајте си помфрит. Побарајте уште една топка сладолед. Уживајте во тоа. Не значи дека секогаш мора да внимавате на тоа што внесувате. Ќе откриете дека тоа навистина годи.