Живеј, сега и овде...
Се разбудив во најдоброто расположение кое може некој да го има. Сонцето блештеше силно и привлекуваше со сета своја златна убавина. И јас сјаев однатре, подготвена да имам прекрасен ден.
Парадоксално, бев истовремено и еуфорична и релаксирана, смирена. Проклето среќна. Сигурна дека конечно ќе можам да земам здив од токсичниот облак од анксиозност и грижи кој подолг период лебдеше над мојата глава.
Гордо пеев, танцував во мојата кујна додека ги пржев утринските јајца и напрскував ситно сечкан магдонос над нив.
Сè беше весело – сè додека повторно не се појави оној темен облак на несигурност и сомнеж во себеси кој си поигруваше со моето срце и ме правеше да се чувствувам како искористен и стар килим.
Сета убавина, сета радост, сета инспирација исчезна за миг.
Останав само јас, со намуртено лице, разбушавена и несредена пунџа, бркајќи ги оние „вкусни“ чувства, бришејќи ги солзите од ракавите на мојот широк џемпер. Сакам да се чувствувам добро. Сакам да бидам среќна. Сакам да се чувствувам онака како што се чувствував ова утро.
Во еден момент се сопрев – Што правиш?!
Дали навистина бев подготвена целиот ден да го поминам во бркање на среќата како растроена лавица? Не. Тој момент замина. Време е длабоко да земам здив и да се препуштам.
И понатаму не сакав да се откажам, не сакав да попуштам.
Сакав да се чувствувам среќно, но така не функционираат емоциите, така не функционира светот.
Чувствата се променливи и нестабилни. Животот е променлив. Животот е болен танц, но тоа го прави уште поубав.
Ајде да научиме како да танцуваме на немирните бранови.
Наместо да се прашуваме – кога ќе бидам среќен?
Инспиративното прашања би биле: Како можам да ги истражам сите мои емоции? Како можам да соберам храброст и да бидам она што сум во моментот, без да се обидувам да се променам? Без да се обидувам да бидам посреќна? Без да копнеам по нешто што не сум?
Обидете се.
Убедена сум дека можеби нема да биде се убаво и блескаво, но знаете дека е реално. По тоа плачат нашите души.
И тагата знае да биде убава. И тагата знае да негува. Анксиозноста може да инспирира. Живејте во овој момент, без разлика дали е убав и среќен или мрачен и тажен.
Сè си има своја убавина.
Бидете овде. Токму тука и сега.
Навалете се.
Дишете длабоко...
Вдишете уште еднаш...