Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фејсбук статус кој секоја жена треба да го прочита: Не го чекајте вистинскиот момент, тој никогаш нема да дојде

Утрово кога се разбудив крвта ми вриеше. Моето срце гореше. Преку глава ми е од сè. Слушнав за уште една жена која останала разочарана. Доста е. Време е да престанеме да си ги заробуваме срцата.

fejsbuk-status-koj-sekoja-zena-treba-da-go-procita-01.jpg

Често објавувам мали инспиративни изјави на Фејсбук, овој пат решив да го напишам следново:

„Знаете што ме боли најмногу?

Кога ги слушам другите како велат дека во ред е да се игнорира и запоставува она што срцето ни вели, она за кое вреска, затоа што сме исплашени од тоа што може да се случи ако решиме да го послушаме и да ја напуштиме својата комфорна зона.

Вчера чашата се прели. Одамна не сум почувствувала гнев, но збеснав кога слушнав уште една жена која се спогодува сама со себе. Седев покрај прекрасна, силна , независна жена која беше заглавена до врат во своите слабости и наоѓаше изговори за тоа зошто треба да продолжи да биде несреќна, неразбрана, неценета и заробена по избор во врска со партнер кој повеќе не ги исполнува нејзините желби и не ги слуша нејзините потреби.

Па, ова утро се разбудив и решив повеќе да не ја држам устата затворена.

Морам да го кажам ова на глас...

Досега многу жени ги слушав како се обидуваат да си дадат изговори на себе и да се обидат да рационализираат зошто треба да живеат живот во кој го уништуваат својот дух – како си ја уништуваат својата самодоверба.

Сум била и јас во таква ситуација. Сум ги бранела причините зошто останувам во средина или со партнер кој одамна е странец на мојата душа.

Свесна сум дека не постои доволна мера на инспиративни дијалози кои ќе бидат охрабрување. Ништо не може да се промени, сè додека не сте вистински подготвени, да се најдете на самото дно од каде нема одење подолу.

Од каде само смртта е единственото продолжение на приказната.

Смртта е апсолутна.

Сите ќе умреме еден ден. Па како ќе одберете да живеете? Ќе живеете во гушење и во живот кој ќе ве уништи, однатре и однадвор или ќе го најдете првиот прозорец кој ќе биде излез од проблемите?

Ако чекате да дојде вистинското време, вистинскиот ден, вистинската сума на пари, вистинските години, вистинскиот момент – никогаш нема да дојде.

Прифатете и прегрнете ја сегашноста и запомнете секој момент во кој останувате заробени во својот страв, светот полека но сигурно се руши, бидејќи вашето срце е скршено.

Слушајте го срцето и преземете акција.

Бидете храбри. Спасете се себеси, спасете го светот“.

Би можело да ве интересира:

Александар Дадар за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам магионичар кога ќе пораснам“ „Не бев бељаџија, фино дете бев до прва година средно. После малце се опуштив“ -...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
10 причини зошто ја сакаме зимата Носиме дебели џемпери, ноќите ги минуваме стуткани под ќебе и има куп неработни ...
Ќерко, немате трпение вие младите, затоа се разведувате, јас сум во брак 45 години „Ќерко“, јас сум во брак 45 години, сопругот од кревет го станав... Имаше мозоче...
10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg