Александар Дадар за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам магионичар кога ќе пораснам“
- Детали
- петок, 20 декември 2024
„Не бев бељаџија, фино дете бев до прва година средно. После малце се опуштив“ - напиша нашиот познат шминкер Александар Дадар во лексиконот на CRNOBELO.com.
Познатиот шминкер Александар Билјановски - Дадар, со години е еден од омилените кај нас.
Човекот кој ги разубавува дамите и кој секогаш има по некој убав збор за секоја жена, овој пат откри интересни работи за себе.
Дадар за CRNOBELO.com сподели од што се плаши најмногу, што си помислил по првиот бакнеж, а ни откри и една своја тајна.
Прочитајте што напиша Дадар во нашиот лексикон:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Моето име е Александар, а прекар од детството ми е Дадар.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
44-годишен Лав.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
When You Believe, а најдобра пејачка на сите времиња за мене е дефинитивно Витни Хјустон.
4. А омилена книга?
„Будење“ од Антони Демело.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Немам.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Опасно прашање! Обично ги бодрам послабите!
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Моментално не.
8. Која е најчудната/најглупавата порака што си ја пратил некому по грешка?
Има многу. Пред некој ден направив по грешка група на Инстаграм со порака...
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Магионичар.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак вода (досаден сум за на гости), а храна медитеранска и, секако, македонска.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам повеќе блиски луѓе во мојот живот и сум среќен поради тоа.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Учев само тоа што ме интересира, бев по малку немирен ама лесно поминував.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Земам пример од луѓе кои не се ни свесни дека сум учел од нив.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Не знам, ха, ха.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Обично го преуредував дневниот простор ако ме остават сам дома.