Александар Дадар за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам магионичар кога ќе пораснам“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Не бев бељаџија, фино дете бев до прва година средно. После малце се опуштив.
17. Дали некогаш си се степал?
Да.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Шопинг.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Среден век.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Повеќе време, чист воздух и приватен авион.
21. Од што се плашиш?
Примитивизам.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Се заљубував по неколкупати на ден.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Тоа сè уште не се случило.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Инвестиција во моето знаење.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Не си лош за годините.
27. Откриј ни една тајна...
Во jануари почнува академијата за шминка и многу се радувам за тоа.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Убаво доживување.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Не бев добар во фудбал.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Дадар: Зошто сте секогаш толку фини и прекрасни со мене?
CRNOBELO.com: Какви да бидеме кога си ти си секогаш прекрасен со нас? Почитта е взаемна.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





