12 едноставни, но важни вистини на кои треба да се сетите кога се чувствувате безвредно

Животот е тежок. Понекогаш тагата е преголема, понекогаш се чувствуваме како да е крај на светот, понекогаш едноставно не наоѓаме друг начин... Сепак, реалноста е дека нештата не се така црни.

12-ednostavni-no-vazni-vistini-na-koi-treba-da-se-setite-koga-se-cuvstvuvate-bezvredno-001.jpg

Кога се чувствувате депресивно, неспособно и несакано, сетете се:

1. Некому сте му 100% потребни

Не станува збор за она романтичното судбоносно верување дека постои некоја личност која е наменета да биде вашата втора половина, туку за фактот дека често слепи сме за луѓето кои се покрај нас. Станува збор за оние кои се токму пред нас, кои гледаат како да сме нешто посебно, кои ги знаат сите маани и доблести. Дури и во тие денови кога мислите дека никому не му е грижа за вас, имајте го ова на ум – постои личност која мисли на вас.


2. Светот сака да ве натера да верувате дека сте во константен натпревар со луѓето околу вас

Токсична идеја по која треба да се споредувате со вашите пријатели, колеги, роднини... Факт е дека вие сте индивидуа со свои карактеристики, уникатна и неспоредлива со другите. Наместо со луѓето околу вас, единствениот натпревар кој треба постојано да го имате е со самите себе.


3. Романтичната љубов не ви се случува само еднаш

Вашето срце не вели „ја имаше твојата шанса, ја пропушти и сега е крај на светот“. Секогаш можете одново да се вљубите во некого.


4. Тоа што сте изгубиле некого не е неуспех

Тоа што сте изгубиле некого значи дека сте се обиделе да бидете покрај некоја личност и не сте успеале. Некој нешто ви значел и да го прифатите и признаете тоа е сосема во ред. Животот продолжува понатаму.


5. Не мора да бидете најдобри

Треба само да се обидувате да бидете што е можно подобри и да ги поправате грешките.


6. Нема поголем успех од тоа да научите да се сакате себеси и да се разбирате

Прифатете ги и вашите недостатоци и ќе научите да живеете во мир со себеси.


7. Можете да постигнете сè што ќе замислите

Сериозно. Доволна е вашата фантазија и волја да направите нешто.


8. Емоциите се моментални демони

Вашата среќа не е перманентна, така е и со тагата.


9. Признавањето дека ви треба помош не е знак на слабост

Напротив, знак за голема сила. Животот не е наменет да го поминуваме сами, туку заедно со луѓето кои ни значат нешто и оние на кои им значиме нешто.


10. Успехот може да се дефинира на многу различни начини

Откријте што прави да се чувствувате успешни, ако има потреба променете ги работите по кои проценувате дали сте успешни или не.


11. Некој што покажува само половичен интерес во вас, не го заслужува вашето време

Запомнете, треба да бидете приоритет не мисла која бргу минува низ главата и се губи во далечината.


12. Кактусите се растенија кои природно растат на места каде почвата е сува и карпеста

Сетете се на овие мали растенија кои успеваат да изникнат во некоја неплодна пустина. Не го добиваат тоа што им треба, а сепак никнуваат, растат и постојат. Така е и со вас, можеби не секогаш ги добивате работите кои ги посакувате, но тоа не значи дека не треба да се адаптирате. Обидете се. Можеби ќе се изненадите од вашата моќ.

Би можело да ве интересира:

Иван Наумовски за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Солзи сами капат, прости ми'“ „Се плашам да не ми се падне лото и да станам милионер“... Оперскиот пејач Иван ...
Носталгија - како родените во поранешна Југославија го поминуваа детството? Децата по цел ден играа надвор. Вода се пиеше од црево, а сок од исто шише и чаш...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
„Степ дринк“, „Симче“ - Производи кои им будат носталгија на сите што пораснаа во едно поинакво врем... Ако сте оделе во училиште на почетокот на 2000-тите години и на крајот на 90-тит...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg