Кога во животот имаш сè, а не си свесен за тоа...
Седев со сопругот во кафуле и пиевме кафе. Тој беше млад и прекрасен и јас го обожавав.
На мене имав еден стар капут кој ми го расипуваше животот.
Патев од комплекс на пониска вредност и го мразев тоа палто кое воопшто не грееше, а оддаваше слика на една скромна, недотерана жена.
Кафулето беше евтино, кафето без вкус.
Јас сонував дека еден ден ќе пиеме кафе во пристоен ресторан, а јас ќе бидам елегантно облечена.
Мојот сопруг ме гледаше со сјај во очите, ме сакаше, и не знаеше што ме уништува.
Но, тој умре млад, а јас останав сама.
Потоа во мојот живот имаше многу различни кафиња и кафулиња, и многу модерни капути. Само него го немаше...
Често се сеќавам на оваа епизода, кога имав сè, а не бев свесна за тоа.