Заборави на сè... И запомни го ова
Заборави на првата љубов која ти го скрши срцето
И на последното раскинување.
Тогаш кога најдобриот пријател ти зари нож во грб,
На зборовите и гневот кои сè уште ти одѕвонуваат во глава,
На траумите кои те повредија од месо до коски.
Заборави на грчот во утробата кога никој не забележуваше колку вредиш,
Солзите кои ја прочистија твојата душа.
Грешките кои ги прават луѓето.
Заборави на недовербата, љубомората и огорченоста,
На лагите, измамите и предавството.
Заборави ги оние кои си заминале од твојот живот – не биле судени да останат.
Тогаш кога реши да се коцкаш, но заборави дека можеш да загубиш.
Заборави ги шпекулациите, озборувањата – тие се само илузии, ти знаеш кој си и што си.
На правилата и забраните – направи нови.
На мислите – дозволи му на умот да мирува.
На времето – дозволи да отчукува во ритамот на твоето срце.
На стравот кој само ќе те парализира...
Заборави на совршеноста, не е допирлива – во несовршеноста се крие вистинската убавина.
А, потоа обиди се колку што можеш посилно, да се сетиш на ова...
Сè е веќе дел од тебе,
Лекциите кои се веќе научени,
Мемориите кои веќе се длабоко вкоренети.
Не постои причина зошто да бегаш,
Сè е веќе тука... Дозволи да постои
Без издишување.
Без да го бараш копчето „repeat“
Сè има своја причина.
Своја намена.
Само диши... и уште еднаш. Длабоко.
Токму тука и токму сега.
Жив си. Преживеа. Во овој момент, токму овој... овде...
Можеш да одбереш. Одбери да живееш.
Трчај. Летај. Диво.
Почни повторно.
Чувствувај.
Сè и ништо во едно и помеѓу – почувствувај.
Почувствувај ја струјата низ твоите вени.
Полека но сигурно замени ги старите сеќавања со нови искуства.
Додади ги, измешај ги.
Комбинирај ја личноста која си сега и која ќе бидеш во иднината.
Алхемија – претвори ја душата во злато. Лесно е. Обиди се. Целосно. Секој дел.
Помешај ги сите невремиња со сите виножита, задоволства со болка. Креирај.
Заборави на старото. Напрскај го новото.
Ѕвездена прашина. Магија. Мистерија. Сончева светлина. Шуми. Пустини. Танцувај. Имај верба. Оди. Откриј. Не барај предалеку. Тука е. Отсекогаш било и ќе биде. Токму тука. Токму сега.
Биди слободен.
И секогаш кога чувствуваш болка или тага, врати се на почетокот и повторно почни да читаш.