Како да престанете залудно да го трошите своето време?

Бидете независни, верувајте им на вашите инстинкти и грижите се за себе. Како да се инспирирате да престанете да го трошите своето време и да преземете контрола врз вашиот живот?

kako-da-prestanete-zaludno-da-go-troshite-svoeto-vreme-01.jpg

Имајте хоби. Да имате хоби е добро за вас, освен ако е нешто на што трошите многу време. Хобијата се добри за опуштање, уживање и лична сатисфакција. Изберете го тоа што навистина го сакате и за кое имате доволно време.

Бидете инспирирани од себе. Сакајте се себе си и бидете среќни и задоволни од тоа што сте. Ако го трошите вашето време, бидејќи сте незадоволни со нешто што не можете да го промените за себе, непотребно губите време.

Научете како да го сакате секој детаљ од себеси и ако сте навистина несреќни поради нешто, направете сè што можете за да го подобрите. Бидете инспирирани од вашиот живот, направете нешто што изгледа неостварливо, бидете најдобри во нешто, тоа ќе ве натера да мислите дека сте непобедливи.

Сакајте ја својата работа. Работата треба да ви се допаѓа, бидејќи работата е нешто што најчесто може да ве повлече надолу. Ако не ви се допаѓа вашата работа, не треба да го губите времето правејќи го она во што не уживате.

Сакајте си го семејство. Научете како да бидете благодарни за вашето семејство, бидејќи тие секогаш ќе бидат тука за вас.

Создавајте пријателства. Дружењето е важно, бидејќи луѓето се социјални суштества. Јавете им се на старите пријатели, викнете ги на вечерa, кафе или пиво. Поврзете се со другарите со кои не сте се виделе долго време. Тоа е барем едноставно денес со помош на социјалните мрежи, Skype, или Viber.

Учeтe нешто ново секој ден. Учењето го одржува нашиот мозок во кондиција. Не треба да губите многу време на тоа, процесот е многу едноставен, прочитајте книга за нешто што не ви е многу познато, било да се работи за историја, биологија или за нешто како автомобили или како да се танцува, свири инструмент или пее.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“ „Обично не стигнувам да откачам во кафеана, зашто секогаш ме тераат да пеам, па ...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Ретро спомени: Работи што ги правевме како мали девојчиња, а денес не би ги повториле Си ги пеглавме косите со пегла за облека, се фарбавме со инстант напитоците Step...
Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза? Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој ...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg