9 звуци кои новите генерации веројатно никогаш не ги слушнале
Новите генерации ќе го паметат своето детство по сосема поинакви работи од постарите генерации. Брзиот развој на технологија ги исфрли старите апарати од употреба, бидејќи престанаа да бидат функционални.
Сепак, постарите генерации секогаш ќе се сеќаваат со радост и носталгија на нив, а посебно на звукот што го произведувале.
Да се потсетиме на некои од нив:
Звук на телефон со ротирачки бројчаник
Старите генерации знаат за оваа мака. Вртење на бројчаникот и тој „милозвучен“ звук. Ни беше потребна цела вечност за да го свртиме саканиот број, а кога се јавувавме во странство, тоа траеше уште повеќе.
Машина за пишување
Машината за пишување произведуваше уникатни звуци, а да не го заборавиме и фамозниот „пинг“ звук кога ќе дојдете до крајот на хартијата.
Чајник на пареа
Кога ќе зовриеше водата се слушаше пискав звук.
Звук на блиц на старите апарати
Звук на шкрипење на стари плочи
Звук на каса
Копчињата за притискање беа поинакви за разлика од денешниве компјутеризирани каси и скенери, а звукот на старите каси буди многу спомени.
Филмски проектор
Во старите кино сали беше неизбежен звукот на проекторот и звукот на сечењето на лентата.
Премотување на касети
Повеќе ни ДВД плеерите не се популарни, бидејќи сите гледаме филмови и серии на интернет.
Но, во времето и пред дисковите да излезат, популарни беа VHS касетите. Било да се работи за VHS или за радио касети, нивниот звук сигурно нема да им недостига на новите генерации, бидејќи никогаш не го трошеле времето на овие „проблеми“.
Расипана плоча
Се сеќавате ли кога како мали одново и одново баравте нешто од вашите родители додека тие конечно не ви кажеа дека звучите „како расипана плоча“. Ова беше чест случај со старите плочи, кога иглата ќе се заглави и ќе почне да го повторува одново и одново истиот дел.
Автор: М.A. | Црнобело