За сите фантастични жени: Не се плаши што времето ти лета!

Не очајувајте што стигна уште една есен, нека не ве вознемирува меланхоличната мисла за тоа како летото е пократко секоја година и како зимите се подолги и како времето брзо минува и како животот е чаша вода која пребрзо ја испиваме.

za-site-fantasticni-zeni-ne-se-plasi-sto-vremeto-ti-leta-001.jpg

Нека не ве фаќа паника за дождот кој полесно го поднесувате од жешките летни денови и не се обидувајте да се убедите дека некако се помалку важно е како изгледате, и како списокот на работи кои не ви прилегаат е се подолг.

Нека не ви биде најважно колку тегли зимница ви останале. Не се откажувајте од малите моменти внимание кои некогаш си ги приредувавте самите на себе.

Така се старее.

Вчера се слушнав со мајката на мојата пријателка, која има 80 години - со весел глас, брз говор, духовита и паметна, љубопитна и жива, ми ги изнакажа сите нови кафулиња во градов, затоа што секоја недела оди во ново кафуле да проба од омиленото капучино и невидено се секира што оваа недела немала време да оди на фризер.

Додека разговарав со неа се смеев на глас. Нејзините 80 години се само факт, кој не ја спречува да се чувствува младо. За неа староста, освен болката во колената, не постои!

Не е ни чудо што многу помлади луѓе сакаат да се дружат со неа, но тоа не е единствената причина. За разлика од повеќето луѓе таа никогаш не зборува за минатото, за болестите, проблемите.

Не приговара ни во сон, ниту на внуците што не доаѓаат почесто, ниту пак очекува другите да се сетат на неа.

„Како ви успева да останете волку ведри?“ ја прашав.

„Никогаш не помислив дека сум жртва на животот. И секој ден гледам само што ми дава, не што ми зема. А последниве години, најмногу ми дава комплименти.“

„Е генијалец сте,“ со воодушевување и реков.

„Ете гледаш,“ одговори низ кикотење.

Би можело да ве интересира:

Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“ „Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобрата инвести...
„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“ „Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата ...
Гледавме „Опуштено“, купувавме филмови од тезга - Работи што ги правевме пред 15 години, а сме ги за... За во автобус купувавме хартиени билети, гледавме филмови на DVD со сомнително п...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Празната душа не можете да ја наполните со материјални работи Многу луѓе се трудат да стекнат материјално богатство со надеж дека ќе им донесе...
За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој) Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg