Одбивам да те преболам, во тоа е проблемот
Преболувањето и заборавањето е избор, но не е оној избор кој јас сакам да го направам.
Понекогаш се случува некој да ни наиде на патот и да не натера да сфатиме дека животот повеќе никогаш нема да биде ист.
Не е дека животот одеднаш станува совршен, туку бидејќи другите бледнеат кога се споредуваат со тој човек.
Најдобрите врски се оние врски кои не менуваат без да го променат есенцијалното во нас.
Таа важна личност станува наш компас кој постојано покажува каде е север и одеднаш знаеме дека никогаш повеќе нема да се изгубиме.
Дури и тогаш кога животот ни дава причини да се откажеме, едноставно не можеме да го најдеме патот по кој навистина ќе сакаме да си заминеме.
Во тие моменти нашата душа не заробува во оние моменти каде приказната сè уште не завршува.
Понекогаш последниот чин може да ни се причини како да е цела една книга, но ниту една љубовна приказна не била одлична затоа што работите се одвивале едноставно.
Најголемите љубовни приказни се оние кои се соочувале со големи невремиња.
Оние кога губењето на надежта се чини како последен избор, иако е наједноставниот.
Љубовта не е во избирањето на наједноставниот избор, туку избор да се помине она најтешкото, дури и кога сме сигурни дека ќе се изгубиме.
Вистината е дека постојат луѓе кои едноставно не можеме да ги заборавиме.
Понекогаш се случува да најдеме некој доволно важен за да не сакаме да си заминеме, да се преправаме дека ништо не се случило.
Понекогаш некои луѓе оставаат длабок печат на нашата душа, што никој нема да биде способен да го пополни нивното место.
Знаеме дека без разлика на околностите, едноставно нема да ја заборавиме.
И тоа е сосема во ред. Во ред е да не сакаме да се откажеме, да одбиваме да заборавиме некого.
Можеби и воопшто немаме избор, бидејќи некои луѓе ни се како судбински доделени засекогаш да останат во нашиот живот.
Па и тогаш кога патот скршнува, тешко ни е да се откажеме од таа личност.
Бидејќи овој пат јас не сакам да те заборавам.
И додека другите ме гледаат со чудење, јас не гледам друг начин.
Верувам во сè што чувствувам.
Како можам едноставно да си заминам?
Ако верувам дека за плимата и осеката виновна е месечината, тогаш како можам да не верувам во знаците кои ми ги праќа универзумот?
Можеби ќе бидам принудена да те преболам, не по мој избор, но бидејќи понекогаш во животот работите едноставно не сакаат да се разрешат.
Барем ќе знам дека сум останала верна не само на зборовите кои се во мојата глава, туку и на чувствата кои се внатре во моето срце.
Тоа е вистинското значење на тоа дека некој не сака да се откаже.
Не е околу личност од која не сака да се откаже, туку патот по кој учиме да си веруваме на себеси. На нашата интуиција. На нашето срце.
И кога подобро размислувам околу тоа зошто не сакам да се откажам од тебе, не е поради работите кои си ми ги направил, туку за тоа како си направил да се чувствувам.
Живеам доволно долго за да знам дека постојат луѓе кои знаат на навистина посебен начин да влијаат и кои доаѓаат само еднаш во животот.
Понекогаш се мразев себеси, затоа што јас сум константата, јас сум таа која е ладна и рационална.
Но, знам и дека така требало се да се случи.
Требало ти лично да видиш, дека јас нема да сакам да се откажам од тебе, без разлика на тоа колку се обидуваш да ме оддалечиш.
Морав да се тестирам колку сум подготвена за ова.
Ова патување беше патување со многу тајни и сплетови, а многу малку акција.
Морам да признаам дека се обидов да те преболам, се обидов да го заменам твоето место со други.
Запознавав нови мажи, флертував, а размислував на тебе.
Те гледав во моите соништа.
Па тоа што повторно се сретнавме, воопшто не ме чудеше.
Научив дека ако нешто е наменето да остане, ќе остане.
Токму затоа не сакам да се откажам од тебе.
Можеби научив многу работи од тебе, но она што навистина остана е дека кога некој доаѓа во нашиот живот, тој никогаш повеќе не е ист.
Јас не сакам да си го замислам животот без тебе.
Па можам да се надевам дека еден ден и ти нема да сакаш да кажеш збогум.
И во тој момент сè што ќе остане, е повторно да си кажеме здраво за нов почеток без грешки.