Откако открила дека сопругот ја изневерува, нејзината баба и го дала најдобриот животен совет
Една млада жена доживеала огромно разочарување откако открила дека нејзиниот сопруг е неверен. И целата приказна ја раскажала на својата мудра баба.
Била во недоумица дали да го спасува бракот или само да се откаже од него.
Тогаш го добила најдобриот совет.
„И кажав се што ми тежеше, а баба ми ме однесе во кујна. Наполни 3 тенџериња со вода и сите ги стави на рингла. Водата брзо зовре.
Во првиот сад стави морков, во вториот јајце, а во третиот мелено кафе.
Без збор стоевме 15 минути за на крај да ги исклучи ринглите. Го извади морковот на чинија, јајцето го стави во длабок сад, а кафето го наточи во шолја.
Се сврте кон мене и ме праша: Кажи ми, што гледаш?
Морков, јајце и кафе, ладно одговорив.
Го доближи морковот и ми рече да го допрам. Забележав дека е прилично мек. Потоа ме замоли да го излупам јајцето. Забележав дека е тврдо варено. Најпосле ми рече да отпијам голтка кафе. Откако испив неколку се насмевнав затоа што уживав во аромата.
Конечно прашав - што ти значеше ова?
Го добив следниов одговор: Сите три намирници се соочени со исти услови - варена вода. Но, секоја реагираше поинаку.
Морковот беше силен и непопустлив. Сепак, врелата вода го направи мек и слаб.
Јајцето беше слабо и кршливо, а по вриењето излезе силно.
Мелените зрна кафе беа во еден облик кога ги ставивме, но во друг облик ги извадивме, се променија.
А, што си ти? Кога несреќата ќе ти тропне на врата, како реагираш? Дали си морков, јајце или зрно кафе? Размисли за тоа.“
Што одбирате да бидете вие?