Кратка приказна: Што е со нашите соништа?
Што е со нашите соништа? Сите ние тврдиме дека сме во потрага по работите за кои секојдневно сонуваме, но мал ден од нас успеваат соништата да ги претворат во реалност. Зошто е тоа така?
Одговорот можете да го најдете во оваа приказна:
Едно младо момче сонувало дека влегло во голема продавница, а во неа стоел ангел и ги послужувал луѓето кои влегувале да купат нешто.
„Што продавате овде?“ – прашало младото момче.
„Сè што ќе посакате“ – одговорил ангелот.
Младото момче започнало да набројува:
„Јас сакам да престанат сите војни на светот, да има правда, великодушност и разбирање, почитување, повеќе љубов меѓу семејствата, работа за невработените, повеќе добрина меѓу луѓето и...“.
Ангелот го запрел и му рекол:
„Повели. Ова е семе од кое ќе добиеш сè ти само погрижи се од него да пораснат плодовите.“.
Поука: Не можеме само да сонуваме и посакуваме да ни се случуваат убави работи во животот, мораме и ние да направиме нешто. Семето го поседуваме, но од него мораме сами да направиме добри работи во животот.