Исповед: Мојата венчавка го промени начинот на кој го гледам моето тело
Месеците пред самиот венчале чин, пред самата церемонија сега ми се како заматена слика, бидејќи времето помина пребргу, а нешто за кое најмногу се каам денес се оние 3 месеци кога бев опседната со мојата тежина.
Постојаната грижа околу тоа колку тежам и како изгледам ми ја одзеде целата забава која следи со планирањето на свадбата.
На почетокот на годината си поставив предизвик да изгубам 14 килограми за Големиот ден и се убедував себеси дека тоа ми е неопходно, бидејќи постојано ми се вртеше во глава прашањето „Ова со сигурност ќе ме направи среќна, нели?!“.
Ќе тежам многу помалку на Големиот ден,а и ќе се чувствувам подобро.
Не можев повеќе да грешам. Откако си го поставив предизвикот, си дадов себеси и далеку поголем притисок. Планирањето си го направив повеќе стресно со самото тоа што бев одлучена да изгледам сосема поинаку. После се: „Тоа е нешто што сите жени го прават нели“? Грешка!
Дали ќе најдам фустан во мој број? Дали ќе изгледам добро во него? Како ќе изгледам на фотографиите? Што ќе помислат оние кои одамна не ме виделе? Како ќе ги сокријам деловите кои никој не сакам да ги забележи?
Неизненадувачки, не успеав да го совладам предизвикот кој си го зададов и неколку недели пред венчавката. Се погледнав себеси во огледалото и она што го видов ми го разбистри умот: колку повеќе се привикнував на тоа дека ќе бидам невеста во онаа тежина во која моментално сум, толку повеќе сфаќав дека предизвикот ми бил сосема непотребен.
Најдов фустан кој го обожавав и кој ме собираше. Што е најважно се венчав за мажот кој постојано ми даваше до знаење дека ме сака онаква каква што сум и колку што тежам. Па тогаш зошто воопшто помислував на слабеење? Со сигурност не беше за моето здравје!
Денот пристигна кога јас ќе се движам кон олтарот. И знаете што? Беше апсолутно фантастично. Се чувствував убаво во својата кожа, а не бев послаба.
Целиот тој процес треба да биде забавен и да донесе среќа, а не стрес и непотребни грижи за да изгледаме совршено. Барем онака како што сме замислиле дека е совршеното. Вусшност... Знаете што? Совршени сме онакви какви што сме.
Тоа што бев плус сајз невеста воопшто не ми пречеше на денот на мојата венчавка.