Ќе биде подобро...

ke-bide-podobro-01.jpg

Се жениш пред 30-та, затоа што така треба.
Нормален си.
Имаш две деца.
Диплома.
Работа.
Сметки за струја.
За телефон.
Летување од 10 дена.
Можеби 15.
Викенд во Грција.
Плус здравствено осигурување.
Евентуално животно осигурување.
Пензиско осигурување.
Брзаш дома од канцеларија.
Денес е недела.
Водиш љубов секоја втора недела.
Со изгаснато светло.
Мирно. Мисионерски.
Некогаш и во четврток, ако ти ги откажат плановите.
Биди нормален.
Петок е ден кога твојата едноставна жена ти готви грав.
Си се откажал од сонот да одгледуваш пчели.
И од тоа често да се смееш.
Одиш во теретана затоа што така треба.
Се возиш во колона.
Никогаш не претекнуваш.

ke-bide-podobro-01_1.jpg

Некои работи веќе не знаеш да ги сакаш.
А баш би сакал.
Подоцна и тоа исчезнува.
Лажеш дека си добро.
Лажеш дека се смееш.
Лажеш.
Не ти пречи прашината на омилената плоча.
Ниту на целиот грамофон.
Пушиш криејќи се.
Ги пцуеш возачите.
Ги пцуеш пешаците.
И комшиите. И жената. И децата.
Го пцуеш животот.
Сметки, сметки, сметки.
Имаш премногу брчки.
Се опиваш понекогаш.
Никогаш сам.
Само во друштво.
Затоа што така треба.
Пееш, затоа што велат дека таквите луѓе се среќни.
Во август го отплаќаш кредитот.
Сфаќаш дека поминале 20 години.
Чекаш лифт.
Морничаво си мирен кога ќе се расипе.
Чекаш во ред.
Чекаш во банка.
Чекаш жена ти да ти каже те сакам.
Чекаш повторно да ја засакаш.
Чекаш да дојде лето.
Чекаш да ги ишколуваш децата.
Чекаш да ја омажиш ќерката.
Чекаш да го ожениш синот.
Чекаш да се пензионираш.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Чекаш посветли времиња.
Чекаш подобро утре.
Чекаш да бидеш среќен.
Соблечи се.
Оди бос.
Тогаш смееш да одиш и по трева.

ke-bide-podobro-02.jpg

Бањај се додека се замрачува.
Зборувај за работите кои ги сакаш.
Никогаш не ги врти палачинките со нож или рака, само со вртење во воздух.
Ќе ги одлепиш од плафонот, не се секирај.
Научи да скршиш јајце со една рака.
Лулај се во 3 наутро.
Нарачај 5 топки сладолед.
Насмеј се на знаците „само за деца“.
Помини под прскалките во паркот.
Застани пред врата со сензор, плесни со дланките, прави се дека имаш супермоќи.
Прсни капка-две вода на врела рингла и замисли дека си магионичар кој фрла магии.
Шетај покрај река.
Стави го прстот во река, нема да останеш без него, ако е ладна.
Води љубов.
Наутро.
На пладне.
На смрачување.
Навечер.
Во два.
Во три не можеш, тогаш одиш да се лулаш.
Води љубов постојано.
Секаде.
И не со секој.
Никако не со секој.
Ако имаш можност да водиш љубов на некој кров на зграда, по сликарско платно извалкан во бои, со мокра коса во темпера, направи го тоа.
Ако ја немаш можноста, прво купи платно, па создади ја.
Сликај со неа.
Или со него.
Закачете ја сликата над каминот.
Оставете ги гостите да ве прашуваат чија е сликата.
Скокотливо смешкајте се.
Држете се за рака под масата.
Погали ја по стомакот каде е ремек делото на вашата сликарска техника.

ke-bide-podobro-03.jpg

Бакнувај.
Прегрнувај.
Скокоткај.
Танцувај.
Простувај.
Фантазирај.
Патувај.
Не го пропуштај правењето фигури од пластелин.
Не го пропуштај првиот јоргован.
Ни последната лубеница.
И тоа да се измачкаш со јогурт.
Или да го причуваш туѓото милениче.
Смеј се.
Многу смеј се.
И не ја покривај устата затоа што имаш еден крив заб, само нека е здрав.
Повеќе болат кривите патишта во животот.
Прави мусака.
Прави семеен турнир во игри со карти.
Читај цел викенд.
Наврни на дожд.
Слушај музика од разни децибели.
Обој ја собата жолта.
Пеј ако така се чувствуваш.
Плачи ако така се чувствуваш.
Купи шатор.
Најголемиот кој го имаат во продавницата. И опрема за кампување.
Реди сложувалки.
Редовно јавувај им се на родителите, затоа што така сакаш.
Јави се иако е предоцна.
Посоли ако не е солено.
Не ги заборавај пријателите.
Не ги заборавај работите по џебовите, таму се кријат важни ситници.
Стави малку повеќе пена во купката.
Ууу и направи балончиња.

ke-bide-podobro-04.jpg

Зборувај детски.
Зборувај за работите кои ги сакаш.
Зборувај за работите кои не ги сакаш.
Не е тешко да најдеш луѓе кон кои нема да бидеш рамнодушен.
Не е тешко да сакаш.
Зборувај за работите кои те мачат.
Зборувај. И слушај.
Биди грижлив и милослив.
Помоли се тогаш кога искрено така се чувствуваш.
Негувај ја љубовта.
Кажувај ние, наместо јас.
Не бегај од себе. Не се плаши.
Убав си и насмеан и намуртен.
Па што ако знаеш само два акорди на гитарата.
Гради во себе, не околу себе.
Засади неколку вишни.
Донеси семе за нане и оригано од службениот пат.
Чекај, па ти немаш службен пат.
Стана тоа што сакаш.
Тогаш повози се со велосипедот и купи од најблиската пиљара.
Биди креативен, ништо не е глупаво ако намерата е вистинска.
Обој го својот свет.

ke-bide-podobro-05.jpg

Извор 1; Извор 2

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg