Ако мислиш дека далечината ќе направи да му недостигаш - се лажеш

Велат далечината зближува повеќе. Велат вистинската среќа се наоѓа тогаш кога сте способни и сами да опстојувате. Тогаш вистински сфаќате дека нечија блискост ви е потребна.

se-lazete-ako-mislite-deka-dalecinata-kje-napravi-povekje-da-mu-nedostigate-01.jpg

Или можеби цел живот не лажеле?

Претпоставувам дека бев себична кога го побарав тоа од тебе.

Како да мислев дека далечината ќе биде најдоброто оружје со кое можам да се одбранам од тебе и од целата болка која може да ја предизвикаш.

Ми требаше некое чувство преку кое нема да изгледа дека сите мои емоции се прилепени за нешто што може во секунда да пропадне.

Ми требаше твојата топлина, но истовремено и мојата лична независност и сакав да ти недостигам тогаш кога ме нема.

Сакав далечината да ти шепоти на уво додека јас не сум на трпезаријата.

Сакав далечината да те потсетува да го провериш телефонот за „Добро утро“ пораки кога истите ќе оставаат празен простор на твојот екран.

Сакав далечината дополнително да ја лади твојата гола ладна кожа додека гледаш сам филм во кревет.

Сакав далечината да направи да ја забележиш мојата отсутност.

Сакав далечината да биде мој пријател, но никогаш не претпоставив дека целосно ќе те замени.

Никогаш не претпоставував дека далечината ќе ми дише во врат тогаш кога твојата омилена песна е на радио.

Никогаш не претпоставував дека далечината дополнително ќе ме штипка тогаш кога ми е ладно, а тебе те нема да ми понудиш топол џемпер и прегратка.

Никогаш не претпоставав дека ова мое оружје е меч со две острици.

Велат: „Отсутноста прави срцето да посакува повеќе “.

Не е вистина!

И не се вистински и реални романтичните комедии каде девојката го чека својот авионски лет, а момчето сфаќа колку многу ја сака.

И не е вистина дека ќе му ставам повеќе храна на моето куче само затоа што денес повеќе се радува.

И не е вистина дека ќе ги гушнам посилно моите ако одат на летување подолг период.

Целата таа шема е потполно лажна.

Затоа што се што прави далечината на твоето срце е да му покаже како може да отчукува и без твое присуство.

И се што направи далечината за моето срце е да тагувам и плачам по тебе.

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg