11 работи кои треба да ги запамтите кога ви се чини дека не сте доволно добри

Некои денови се тука за да ви го превртат целиот свет наопаку и да направат да се чувствувате како да не сте доволно добри, но на крајот важно е како се чувствувате во врска со себе си.

11-raboti-treba-da-gi-zapamtite-koga-vi-se-cini-deka-ne-ste-dovolno-dobri-001.jpg

Среќата и самодовербата потекнуваат токму од тие постојани чувства кои ги креирате сами и на кои можете да влијаете доколку го промените личниот став за себе си.

Токму тие позитивни емоции ќе бидат зрак светлина кој останува и тогаш кога денот е облачен и дождлив.

Што можете да направите за да бидете посреќни и позадоволни од себе си?

Постојат 11 основни работи по кои треба да се водите.


1. Животот подразбира прогрес, а не совршенство. Стремете се кон извонредност

Животот е совршено несовршен, а насочувањето кон тоа да се постигне совршенство и не е така лоша работа.

Оваа цел ќе направи да работите понапорно и да постигнувате повеќе.

Негативна страна на овој стремеж е што совршенството е недостижна цел и може да направи да се чувствувате како да не сте доволно добри.

Наместо тоа, стремете се кон тоа да бидете извонредни во што и да правите.

Извонредноста е далеку подобра бидејќи, создава поголемо ниво на лична супериорност.

Повеќето работат на повеќе задачи и одговорности истовремено и не може да се очекува да бидете совршени во сите.


2. Тоа што се прави сега може да креира подобар исход

Ништо не е јасно зацртано и строго запишано освен ако не станува збор за минатото. Па дури и тогаш нештата може да се менуваат односно, може начинот на кој го перцепирате минатото да се измени.

Иднината пак, не може целосно и јасно да се предвиди бидејќи ја менуваме на основа на тоа што правиме во моментот.

Најдобриот начин да се движите нанапред е да се фокусирате на она што го правите токму во овој момент, во сегашноста.

Ако се чувствувате добро сега, оставате простор и време за да се чувствувате добро и во иднината.

Истото се однесува и на оние негативните работи, но тие може да ги надминете ако се насочувате кон убавите и позитивните работи.

Некои велат дека позитивните работи се дури илјада пати помоќни и посупериорни на негативните. Токму затоа најважно е секогаш да бидете благодарни за она што го поседувате во сегашноста.

fokusirajte-se-na-vashite-silni-strani-11-raboti-koga-vi-se-cini-deka-ne-ste-dovolno-dobri-1.jpg

3. Имате целосно право на позитивно мислење

Без разлика на тоа во каква ситуација се наоѓате, позитивното мислење може и ќе ви помогне доколку го дозволите тоа.

Ако сакате нештата да тргнат кон подобро држете ја на високо ниво вербата, ослободете се од стравовите и секогаш фокусирајте се на решенијата.

На позитивното мислење гледајте како на родено право кое може да ја подобри секоја ситуација колку и да се чини како очајна.


4. Фокусирајте се на вашите силни страни

Дури и кога сте во борба со потешкотиите и мислите дека грешите, фокусирајте се на она што е добро во вас и на вашите силни страни.

Западната култура е насочена на слабостите на луѓето и се фокусира на нивно подобрување, но имајте на ум дека тие постојат за да ги избалансираат најсилните страни.

Направете листа од вашите силни страни и бидете реални во менувањето на слабите.

Подобрувајте ги оние кои навистина треба да се променат и за кои се 100% сигурни дека ќе успеете да ги измените.


5. Секој греши

Грешките не се така негативни како што ви изгледаат. Позитивната песперктива на грешките е што тие постојат за да научите нешто од нив и да созреете преку нив.

Понекогаш токму грешките укажуваат на слабите страни и се отворена порта за тоа да станете посилни.

Можноста за учење и растење од грешките прави да се чувствува поголемиот успех во животот и создава чувство на лично задоволство.

Лекциите кои ги учите од грешките ви создаваат чувство на исполнетост и вистинска среќа.


6. Запомнете дека сте токму онаму каде треба да бидете

Верувале или не, вие сте секогаш таму каде треба да бидете. Секое време и место се вистинското време и место.

Можеби понекогаш ви се чини токму спротивното, но потешкотиите се токму тука за задоволството да биде поголемо кога ќе пристигнете во „земјата од соништата“.

Така, кога ви се чини дека не сте успеале и не сте ги оствариле замислените желби, Универзумот само ви вели „почекајте, се уште не“, а не „готово е“.

fokusirajte-se-na-vashite-silni-strani-11-raboti-koga-vi-se-cini-deka-ne-ste-dovolno-dobri-2.jpg

7. Бидете добри и нежни со себе си. Работите ги правите најдобро што можете

Нема потреба да се грижите ако се уште не сте на замислената положба и ако се уште не сте ги оствариле вашите цели доволно брзо или колку што другите го бараат тоа од вас.

Најдобро е да не посветувате внимание на брзината и да се насочите само кон остварување на целите и постигнување на успех.

Огинот на вашата страст можеби е само жарче, но и оние најслабите жарчиња успеваат да ја осветлат темнината.

Сите цветови не цутат истовремено. Можеби токму вие сте од оние цветови кои цутат покасно.


8. Ја заслужувате вашата безусловна љубов и прошка

Негативните мисли нема да ви донесат ништо друго освен болка и тага кои уште повеќе ќе ве оттргнуваат од целта. Ослободете се од огорченоста и негативните мисли. Простете си ги грешките и кажете си на себе си „те сакам без разлика на се“.

Ваквиот став ќе ви донесе повеќе позитивни мисли и ќе ве насочи на важните работи во животот како што се емпатијата и сочувствувањето.


9. Секогаш постои решение

Понекогаш можеби ви се чини дека сте пристигнале на крајот од патот, но не залудно велат дека надежта последна умира.

Насочете ја токму неа кон разрешување на проблемите и решенијата и истите со сигурност ќе ви дојдат.

Можеби тоа ќе бидат само делчиња од решението, но на тој начин само побргу ќе пристигнете до поставување на сите делчиња од сложувалката заедно.

fokusirajte-se-na-vashite-silni-strani-11-raboti-koga-vi-se-cini-deka-ne-ste-dovolno-dobri-3.jpg

10. Единствено споредување кое го правите треба да биде со вас

Не се обидувајте да се огледувате на другите туку, стремете се кон тоа да бидете најдобра верзија од себе си. Бидете херојот на приказната.


11. Ако не можете да ги промените нештата, можете да го промените начинот на кој гледате на нив

Сегашноста е колективна манифестација на случувањата кои сте ги креирале во минатото и доколку истите се негативни и вашето рефлектирање ќе биде негативно.

Со исклучок на миговите кога ќе сфатите дека сте подобри и можете да бидете подобри.

Токму тогаш кога ќе сфатите дека постојано растете и работите колку и да се негативни се тука за да ви направат посилни, ќе ја промените и перцепцијата.

Минатото нема да биде така негативно како што и се чини.

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg