10 најважни животни лекции на кои нè учи Малиот Принц
Малиот принц не е обична книга напишана само за малите. Оваа книга претставува и богата ризница на сознанија и поуки и за возрасните со своите идеалистички и длабоки филозофии за животот.
Најпознатиот роман на авиатичарот Антоан де Сент Егзипери се уште се издава со илустрациите кои биле насликани лично од Егзипери бидејќи, прекрасно ја доловуваат суштината на книгата и нејзината филозофија.
Ова се само 10 од најпознатите мудрости и лекции на книгата:
1. „Од секого треба да се бара само она што може да ви го даде“.
2. „Вообразените луѓе секогаш ги слушаат само пофалбите“.
3. „Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите“.
4. „Морам да трпам две-три гасеници, ако сакам да гледам пеперутки во животот“.
5. „Децата мораат многу да им простуваат на возрасните“.
6. „Не сакала да ја гледаат како плаче. Розата била прилично горделива“.
7. „И секогаш ќе те сакаат?“, „Не“, одговорила розата, „Еден ден ќе овенам и ќе престанат да ми се воодушевуваат“. „Чудно“ - одговорил Малиот Принц, „Да си ти моја роза, јас би те сакал и тогаш“.
8. „Зборувањето е извор на сите недоразбирања“.
9. „Човекот е осамен и меѓу луѓе“.
10. „Она што ја прави пустината убава е сознанието дека некаде во неа се крие извор“.