Лујза Хеј: Лекувајте се со помош на љубовта

Лујза Хеј е Aмериканка која се смета за основоположник на движењето за самопомош и самолекување. Целиот пресврт во нејзиниот живот го доживеала кога се излекувала од рак со помош на исхрана и психотерапија.

lekuvajte-se-so-pomos-na-ljubov-1

Методите зад кои стои Лујза Хеј се стари со векови, а тие претставуваат начин за промена на животот и на размислувањето.

Лујза Хеј вели дека љубовта може да е лекот на многу болести, но може и во секој поглед да го подобри квалитетот на вашиот живот.

Прочитајте го овој текст на глас и повторувајте си го секој пат кога ќе почувствувате потреба:

„Длабоко, внатре во моето битие се наоѓа бесконечен извор на љубов.

Сега ѝ дозволувам на таа љубов да излезе на површина. Таа го исполнува моето срце, тело, ум, свест, целото мое битие, зрачи од мене кон сите страни и ми се враќа двојно зголемена. Колку повеќе љубов употребувам и давам, толку повеќе ме тера да дадам, бидејќи потребата за неа е бескрајна.

Употребата на љубовта прави да се чувствувам добро: таа е израз на мојата внатрешна радост. Се сакам себе и се грижам за своето тело, го хранам со здрава храна и пијалаци.

Се сакам себе и затоа се погрижив да имам удобен дом, кој ги исполнува моите потреби. Секоја соба ја исполнувам со вибрацијата на љубовта, па така секој кој ќе влезе ќе ја почувствува таа љубов и ќе биде исполнет со неа.

Се сакам себе и затоа ја работам работата во која уживам. Таа работа ги користи моите таленти и способности. Работам со луѓе и за луѓе кои ги сакам и кои ме сакаат мене.

Се сакам себе и затоа се однесувам со љубов кон сите луѓе, бидејќи знам дека тоа што го давам ми се враќа двојно повеќе. Ги привлекувам луѓето исполнети со љубов, бидејќи тие се огледало на тоа што сум јас. Се сакам себе и затоа целосно се ослободувам од минатото и сите негови искуства.

Слободна сум, бидејќи се сакам себе и затоа живеам во целост, во сегашноста и го живеам секој миг, знаејќи дека иднината е светла, радосна и сигурна. Јас сум сакано дете на свемирот и свемирот со љубов се грижи за мене сега и засекогаш. Тоа е навистина така! Ве сакам!”

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg