Труди се да бидеш среќен!

Труди се да бидеш што посреќен. Оди смирено низ буката и гужвата и сети се на мирот кој можеш да го најдеш во тишината.

o-MAKE-SOMEONES-DAY-facebook.jpg

Колку што е можно, биди во добри односи со сите луѓе.

Зборувај ја својата вистина смирено и јасно и слушај ги другите, дури и глупавите и неучените затоа што и тие имаат своја приказна.

Избегнувај ги бучните и насилни личности, тие се товар на духот.

Ако се споредуваш со другите можеш да станеш огорчен или горд, затоа што секогаш ќе има поголеми и помали од тебе.

Радувај им се на своите достигнувања и планови.

Одржи го личниот став, колку и да е скромен, тоа е единственото богатство во овие променливи времиња.

Биди внимателен во она што го правиш, затоа што светот е полн со измами.

Многу луѓе тежнеат по високи идеали и животот е полн со хероизам. Ти само биди она што си. Биди свој.

Посебно немој да глумиш љубов. И немој да си поигруваш со неа. Покрај огорченоста и разочарувањата, љубовта е вечна.

Спокојно прими ги искуствата низ годините, складно напуштајќи ги грешките од младоста.

Но, немој да се сожалуваш. Многу стравови произлегуваат од заморот и осаменоста.

Освен одржувањето на здравите стеги, биди благ кон себе.

Ти си човек, дете на вселената, ништо помалку од тоа дрво до тебе или ѕвездата над тебе.

Покрај сите валкани и срушени соништа, ова сепак е прекрасен свет. Труди се да го задржиш мирот во душата.

Труди се да бидеш среќен!

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg