Една е сестра
Таа е една и единствена. Не можете да ја замените. Со вас е и во добро и во лошо. Има ситуации кога ве доведува до лудило, но со сигурност знаете дека секогаш е на ваша страна.
Може сешто да помислите кога ве нервира, но длабоко во себе ја чувствувате безусловната љубов и нераскинливата врска поради која сè би жртвувале за неа и таа за вас.
- Делите многу интерни шеги и скоро никој не може толку добро да ве насмее како неа.
- Секогаш ви ги дава најдобрите комплименти.
- Дури и ако направите нешто со кое не се согласува, по некое време ќе ви прости.
- Можеби не ви се допаѓа истата музика, но знаете да ја слушате ако сте добро расположени заедно со неа.
- Никогаш не сфаќате здраво за готово некоја навреда од нејзина страна, бидејќи знаете дека тоа не го мисли.
- Често се случува да знае точно што сакате да кажете дури и кога се криете, па колку и да не признавате, знаете дека ве чита како книга.
- Ви ги лајкува скоро сите објави на социјалните мрежи, но и ве опоменува кога нешто не е за во јавност.
- Покрај вас е во секоја ситуација кога немате на кого да се обратите.
- Ќе го сослуша секој детаљ поврзан за некој ваш проблем. Без предрасуди, затоа што сте ѝ искрено важни.
- Секогаш ве поддржува. Ве брани дури и кога не сте во право, ако треба да ве заштити.
- Секогаш знае да ви покаже љубов и внимание.
- Не ве осудува. Разговара со вас за да ви укаже да внимавате, но не може да ве осуди за нешто.
- Секогаш знае кога ја лажете. Не можете да сокриете од неа. Ве познава цел живот.
- Искрено и вистински е среќна за убавите работи кои ви се случуваат без воопшто љубомора.
- Знае да ве критикува, но никогаш во јавност. Секогаш ќе ви каже што мисли, но не пред другите.
- Ви помага во секоја ситуација. За вас би одела и до крајот на светот.