Поучна приказна: Зошто љубовта е слепа?
Оваа прекрасна приказна за сите човекови емоции и квалитети објаснува зошто љубовта е слепа.
Со една обична забава и криенка, љубовта станала победник над сите емоции, но останала слепа, а лудоста останала ја следи каде и да оди.
Еднаш одамна, сите човекови емоции и сите човекови квалитети се сретнале на едно скришно место на земјата. Кога досадата по трет пат зевнала, лудоста како што е секогаш луда, предложила: „Ајде да играме криенка! Кој ќе се сокрие најдобро ќе биде победник над сите останати“.
Интригата го подигнала десниот образ, а љубопитноста не можејќи да се воздржи запрашала: „Криенка? Каква е таа игра?“
„Тоа е една игра“, започнала да објаснува лудоста, „во кој јас ги затварам очите и бројам до милион, додека сите не се сокријат. Кога ќе завршам со одбројувањето започнувам со потрага и онаа емоција која нема да ја пронајдам е победник.“
Ентузијазмот заплескал со рацете и него го следело воодушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори и сомнежот и апатијата да се заинтересираат кои никогаш до тогаш не биле заинтересирани. Сепак, не сите сакале да играат. Вистината биле против криењето, и зошто впрочем би се криела? И вака и така, порано или подоцна излегува на виделина.
Гордоста сметала дека играта е глупава идеја иако и било криво зошто баш она не се сетила на оваа игра. Внимателноста не сакала да ризикува.
„Еден... Два... Три...“ започнала да брои лудоста. Прва се сокрила мрзеливоста која како и секогаш само се скрила зад првиот камен кој го здогледала. Верата се искачила на небото, зависта се сокрила во сенката на успехот кој со мачење се искачил на врвот на едно дрво.
Великодушноста никако не можела да одлучи каде да се сокрие, затоа што нејзе се и се чинело како совршено место. Убавината скокнала во кристално чистото езеро, а срамежливоста ѕиркала низ пукнатината на дрвото.
Слободата го нашла своето место во здивот на ветерот. Себичноста нашла скривница, но само за себе! Лагата се сокрила на дното на океанот (лаже, на крајот на виножитото), а желбата и страста во кратерот на вулканот. Заборавот заборавил да се сокрие, но тоа не е важно.
Кога лудоста стигнала со броење до 999.999, љубовта сеуште не успеала да најде место за криење затоа што, веќе се било зафатено. Здогледувајќи ја најблиската цветна градина скокнала и се сокрила во еден убав цут. „Милион!“, извикала лудоста и започнала со својата потрага.
Прва ја пронашла мрзеливоста зад најблискиот камен. Наскоро ја наслушнала верата како разговоара за теологијата со Господ, страста и желбата излегле од кратерот во страв. Случајно тука се нашла и зависта и секако успехот, а себичноста немало потреба да се бара. Самата излетала од своето совршено скривалиште во пчелната кошница.
Од толку долго пребарување, лудоста ожеднела и така ја пронашла и убавината во кристално чистото езеро. Со сомнежот и било уште полесно затоа што не можел да се одлучи каде да се сокрие и останал да седи на каменот до езерото. Малку по малку, лудоста успеала да ги пронајде речиси сите емоции.
Талентот во златните класја на житото, тегобата во исушената трева, лагата на крајот на виножитото, за заборавот заборав дека воопшто и нешто се игра. Само љубовта не успеала да ја пронајде.
Ја пребара секоја грмушка и секој планински врв и кога веќе започнала да се разлутува, го открила местото во кое се крие љубовта. Одела меѓу розите, ги зграбила сувите гранки и од бес и изнемоштеност почнала да удира по прекрасните цутови. Одеднаш се чул крик од болка. Трњето од ружите и ги изгребало очите на љубовта. Лудоста не знаела што да стори. Го нашла победникот, чувството над чувствата, но љубовта засекогаш останала слепа.
Така таа ја плачела и молела љубовта да и прости и најнакрај се одлучила засекогаш да остане покрај неа и да и помага.
Љубовта е победник над сите емоции, но останала слепа, а лудоста ја следи каде и да оди.