Бев само порцеланска кукла за тебе, твојата омилена играчка

Со него секогаш се чувствував како да се наоѓам под светлото на безбројните блицови.

bev-samo-porcelanska-kukla-za-tebe-tvojata-omilena-igracka-1

Вештачка насмевка, совршена фризура, не смееше ништо да ми фали, не дека тој ќе ми кажеше директно дека нешто не е во ред на мене, туку неговиот поглед беше доволен за да се почувствувам недоволна.

Блицови, блицови, се вртиш околу нив, застануваш во совршената поза, од која ти се виткаат коските, но ти продолжуваш да стоиш сè додека не се скамениш.

Сето тоа само за таа пуста фотографија која треба да им се допадне на другите, без разлика дали твојата тага во очите на сликата некој ќе ја забележи.

Најверојатно нема, сите мислат дека си среќен, од толку глумење, можеби некогаш и сам ќе поверуваш во тоа.

Порцеланска кукла, без емоции. Кога подобро ќе размислам имав емоции, но скриени врискаа на дното на душата, беа потиснувани од сето она вештачкото кое ми тежеше на срцето.

Со него секогаш се чувствував совршено, но мртво, тоа не беше тоа што сакав да го правам цел живот, да се вртам со лицето кон светот само за да покажам колку ми е совршено.

Не сакав да го држам под рака и заедно да глумиме претстава која секогаш завршуваше во спалната соба после премиерата на невидливи награди, завршуваше во темница во која не се забележуваа гримасите и тагата на нашите лица.

Но, сето тоа заврши, сфатив дека не било потребно да бидеш совршен за некој да те сака, а тој не ме сакаше мене, туку ја сакаше мојата совршеност која не постоеше, а нема ниту да постои некогаш, бидејќи никој не е совршен.

Порцеланска кукла, неговата омилена, ете тоа бев за него, ништо повеќе, ништо помалку, само играчка.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg