Приказна од 10 секунди: Како да го препознаеш вистински важниот човек?
Едно детенце тргнало во прошетка со својот дедо низ градот во кој живеел. Откако поминале неколку чекори, слушнале како еден муштерија му се жали на чевларот.
Човекот тврдел дека нешто не е во ред со неговите чевли. Мајсторот мирно ги слушал забелешките, се извинил и ветил дека ќе ја исправи грешката.
Потоа дедото седнал во едно кафуле со својот внук.
До нив седел еден човек од кој не можело да се помине. Кога келнерот го замолил дали може малку да ја помести столицата за да може да поминува и да ги служи другите маси, човекот реагирал бурно и одбил да се помрдне.
„Никогаш не го заборавај она што го виде денес“, му се обратил дедото на внукот.
„Оној чевлар ја прифати жалбата, а овој човек покрај нас не сакаше ни да се помести. Луѓето кои прават некакви корисни задачи не се плашат од критиката на нивна сметка, но оние кои не прават ништо корисно секогаш мислат дека се многу важни и ја кријат својата неспособност позади измислениот авторитет.“