22 животни вистини кои треба да ги следите за да бидете среќни и слободни
Често се водиме по нечии правила, моментални трендови, наметнати размислувања. Она што треба да го направиме е да се прифатиме себеси и да се отвориме кон другите за да ги ослободиме сите потиснати мисли и чувства и да бидеме вистински среќни.
Ако ги разберете овие 22 животни вистини, ќе сфатите што е најважно во вашиот живот:
1. Твојата сметка во банка или физички атрибути не кажуваат ништо за твојот карактер. Нема ништо суштински вредно за твојата личност во тоа дали имаш пари или не.
2. Единственото важно нешто е чистото срце. Можеби мислиш дека луѓето ти го гледаат телото или облеката, но во суштина, најважно е да се види душата.
3. Не ти следува љубовта на другите без оглед на сè. Мора да ја заслужиш. Треба да даваш, да даваш и да даваш без да очекуваш ништо за возврат. Одбери личност која ќе ти врати со тоа што ќе направи да не се почувствуваш гладен/а за уште повеќе.
4. Ти ја заслужуваш сопствената љубов. Заслужуваш да си овозможиш среќа и задоволство во која било форма. Твој живот е и заслужуваш да веруваш во тоа што те исполнува.
5. Некогаш некои работи ќе мора да ги правиш за пари. Некогаш ќе ги правиш работите само затоа што срцето ти кажува така. Не е секогаш потребно да заработите пари додека го правите тоа што го сакате. Понекогаш не се споредуваат некои работи.
6. Не можеш постојано да бидеш благодарен/а само за позитивните нешта. Мора да бидеш благодарен/а и за тагата и за болката. Мора да ги научиш лекциите и да бидеш благодарен за тоа што стигнале до тебе во каква и да е форма.
7. Падовите се секогаш поучни. Понекогаш се проблем сами за себе, но нивното расчистување може да ве доведе до многу други разјаснувања.
8. Растењето е процес во кој треба да се движите напред низ темнината и да ги осветлувате деловите, наместо да бегате.
9. За да заздравите мора претходно да страдате. Испразнете го срцето додека не е подготвено за повторно да го наполните со нешто подобро. Единствениот излез од темнината е низ тунелот со секој следен чекор.
10. Ако сакате да знаете како да го промените светот малку по малку, ова е начинот: Секој ден од која било причина некој верува во доброто на луѓето. Искористете ги зборовите за да помогнете, не за да повредите. Вашата приказна нека биде пример за оние кои ја изгубиле вербата во светот.
11. Зборовите болат и зборовите остануваат. Тие имаат моќ. Зборовите се оружја или херои. Тоа зависи од тоа како ќе ги употребитe.
Уште 11 животни вистини на следната страница...