Јас бев твоето подобро утре, но ти стана моето најлошо вчера

Ми доаѓа да вриснам: „Стоп!", кога позната песна случајно ќе ми го попречи ритамот на срцето. Не само која било песна, туку некоја од оние твоите.

ti-prostuvam-znaes-prostuvanjeto-e-odlika-na-slabite-a-jas-sum-slaba-za-tebe-1

Твоите песни, кои по некоја случајност беа мои омилени. И не само песни, сè што сакавме, сакавме и двајцата.

Сè што сакав јас, сакаше и ти, освен мене, никогаш не ме засака. Или барем јас не знаев дека ме сакаш…

Можеби знам, кога ќе навлезев во димот од цигарите кои ги пушевме заедно, мелодиите на песните кои ги слушавме гледајќи го небото, можеби ме сакаше оној ден кога заплака поради мене. Или плачеше дека не можеш да ме засакаш?

Не знам, но знам дека полека избледуваш и тоа ми личи на лага. Не верувам, бидејќи премногу долго беше зацртан во мислите кои те бришат секој ден од срцето.

Ти простувам знаеш, простувањето е одлика на слабите, грешка... силните. Барем така се тешиме дека сме силни простувајќи, кога поради некого би плачеле до липање, би умирале доживотно, би го вратиле времето заминувајќи од сегашноста полоша од кошмар.

Си простувам себеси, кога веќе не можам да се повредам никако, ти го направи тоа за мене, ме повреди, но длабоко во себе знам дека те повредив и јас.

Те засакав толку што љубовта моја ти отвори длабок рез на срцето од кој почна да тече твојата надеж за подобро утре. Јас бев твоето подобро утре, но ти стана моето најлошо вчера.

Заедно станавме лош период со добри сеќавања, ништо повеќе, ништо помалку.

Знаеме дека е предоцна за извинување, само ќе ти речам: „Не гледај назад со гнев, бидејќи не беше нешто што би ти предизвикало гнев, порадо би истекле неисплаканите солзи. Гнев нема, нема ни да има“.

Не гледај назад со гнев, извикав стоп и го напишав текстот, повторно еден од оние за тебе кои веќе се изретчуваат исто како и сеќавањата.

А кога нив ќе ги снема, ќе најдам друга причина за пишување, но, сепак не гледај на тоа со гнев, туку гледај со очите на она сеедно кое свири во мелодијата на оние твоите песни, а ги има многу такви.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg