Ги знаете ли одговорите на овие прашања?
Овој пат не се работи за квиз или тест, туку на многу поинакви прашања чиј одговор зависи исклучиво од вас. И во моментот кога ќе ги одговорите, може да кажете дека живеете среќен и исполнет живот.
Проверете колку животни одговори до сега сте откриле, а на колку треба да поработите:
1. Дали сте свесни за ограничувањето во вашата глава кои ги попречуваат вашите безгранични можности?
2. Дали се плашите да паднете или се плашите да почнете да се искачувате?
3. Дали ги живеете своите стравови наместо своите соништа?
4. Дали ги градите своите сонови или некој ве натерал да ги градите неговите?
5. Дали се борите против другите или се борите против себе?
6. Дали ја виткате опашката пред важните работи заради ситните привилегии?
7. Дали го гледате она што го имате или она што го немате во животот?
Како гласат вашите одговори?