Разбуди се убавице! Неговите пари нема да те направат среќна...

Секоја девојка посакува да живее во бајка, но за разлика од цртаните филмови животот во реалноста е многу поинаков и треба многу повеќе од само пари за гордо да си ја носите насмевката на лицето...

razbudi-se-ubavice-negovite-pari-nema-da-te-napravat-srekjna-1

Зошто жените мислат дека парите на нивниот партнер се и нивни? Навистина е убаво да имате некој кој сака да ве разгали, но каде е тука љубовта?

И уште поважно, каде исчезна идеологијата за независни жени? Се чувствувам како повеќе да не ни е важна независноста и тоа навистина ме прави тажна. Низ животот научив дека ништо не е бесплатно. Ако некој ти даде нешто, тогаш истиот очекува нешто за возврат.

Денес како да е најважно кој каков автомобил вози и што може таа личност да направи за нашиот живот да биде подобар. Ајде за промена обидете се сами да направите нешто за вашиот живот да биде подобар:

Сакате пари? Вработете се. Сакате автомобил? Заштедете. Сакате љубов? Заслужете ја.

Наместо да барате некој кој целиот свој живот би се грижел за вас, започнете да си обрнувате повеќе внимание на себе и на својата личност.

Кога ќе научите да се грижите сами за себе и кога вашите пари ќе бидат единствено ваши, тогаш ќе бидете сигурни дека тоа никој нема да може да ви го одземе.

Само на тој начин, наутро ќе се будите со насмевка на лицето знаејќи колку вредите. 

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg