25 работи кои секој маж треба да ги направи во животот

Животот е премногу краток за да направите сè, но од палетата можности кои стојат пред вас, има некои кои барем еднаш во животот треба да ги искористите.

25-raboti-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-napravi-vo-zivotot-05.jpg

Секој маж за да ја почувствува вистински самодовербата, да биде вистински маж кој гордо ќе се носи со она што го поминал и научил во животот, мора да направи барем една листа на работи кои ќе го карактеризираат како личност.

Ако сакаш да си маж во вистинска смисла на зборот и да бидеш некој кој има што да им раскаже и покаже на другите, овие 25 работи се задолжителни:

1. Извози се низ земјата.

2. Оди на одмор без никаква технологија. Макар и само на еден викенд.

3. Почни свој бизнис. Дури и да е нешто мало или несериозно, почувствувај ја слободата и одговорноста да заработуваш сам.

4. Обиди се да преживееш надвор од градската цивилизација барем една недела.

5. Остави му поголем бакшиш на келнерот кој навистина добро те услужил.

6. Иако можеш и сам, оди еднаш на бербер за да те избричи.

25-raboti-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-napravi-vo-zivotot-01.jpg

7. Ако имаш можност, пробај еднаш да леташ со авион. Тоа е детски сон на секој маж кој ќе ви ја подигне самодовербата.

8. Научи да правиш некој од стандардните коктели.

9. Сериозно сфати си ги тренинзите за одржување на телото и придржувај се до тоа.

25-raboti-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-napravi-vo-zivotot-04.jpg

10. Одбрани некого. Застани на страната на некој друг.

11. Ако ја мразиш работата што ја работиш, биди маж, дај отказ и почни да го правиш тоа што го сакаш.

12. Мора да имаш барем едно класично одело.

25-raboti-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-napravi-vo-zivotot-03.jpg

13. Биди им благодарен на родителите и почитувај ги.

14. Живеј неколку години во голем светски град.

15. Донирај анонимно во хуманитарни цели.

16. Научи барем еден рецепт кој ќе го подготвуваш совршено.

25-raboti-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-napravi-vo-zivotot-08.jpg

17. Барем еднаш оди на важен спортски натпревар.

18. Патувај низ светот.

19. Научи барем еден странски јазик, освен англиски, на кој ќе можеш да комуницираш на основно ниво во земјите каде се зборува.

20. Истрчај на еден маратон.

21. Научи малку повеќе за виното.

22. Кажувај им благодарам на луѓето кои ти помогнале во животот.

25-raboti-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-napravi-vo-zivotot-07.jpg

23. Добро е и да научиш да свириш на некој инструмент.

24. Вози внимателно и со уживање.

25. Однесувај се добро кон децата и направи нешто за нив, поради што ќе им бидеш идол.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg