Го избркав, а го сакав!

Имавме долга врска, чија должина ме уморуваше кога ќе погледнев назад, сè ми изгледаше како мачење, наместо како љубов. Го сакав, не велам не, но не е доволна љубов од една страна за врската да опстане. Потребна е взаемна доверба, взаемна љубов и разбирање.

go-izbrkav-a-go-sakav-1.jpg

Тој ниту ми кажуваше дека ме сака, ниту покажуваше дека ми верува, уште помалку дека ме разбира, постојно се каравме без посебна причина.

Така и му раскинав на крај, без посебна причина...

Беше од оние момците кои не искажувааат чувства, бил маж, не бил девојче да ми ја држи раката, да ми ја гали косата, да ме бакнува во чело.

На крај јас му ги изразив чувствата за последен пат, му кажав дека не го сакам повеќе, а лажев.

Му кажав дека не му верувам повеќе, но му верував, знаев како дише, дека нема лоша душа, но сака да се прави фраер во јавност.

Му дадов совет неколку пати да го промени тоа, но не ме послуша, ме зеде здраво за готово, затоа и се изненади кога навистина беше готово.

Му кажав дека не се разбираме повеќе, а го разбирав совршено, но не можев повеќе да го трпам тоа негово однесување на мачо мен кој е поладен од камен.

Не можев да се помирам со фактот дека ме сака колку толку, но никогаш нема да го слушнам тоа од него.

Ја покажуваше љубовта понекогаш, но не беше доволно, секогаш беше резервиран, можеби имаше и резерва за мене, кој знае...

Му кажав дека сакам да си замине, бидејќи ако остане заедно ќе заминеме во неповрат.

Некои викаат ако сакаш, не напушташ, а јас нив ќе ги прашам зарем ако некого доволно сакаш, ќе издржиш да бидеш рамнодушен на неговото силно биење на срцето?

Ќе бидеш ли глув, нема да го слушнеш или ќе бидеш слеп за да го видиш сјајот во неговите очи како свети за тебе?

Тој беше и глув и слеп, но го сакав.  Го избркав, а го сакав, бидејќи се сакав себеси повеќе и знаев дека заслужувам некој кој ќе ме сака на начин на којшто ќе го сакам и јас!

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg